Внимателно ракување и отфрлање на уредот и полначот во отпад

Користете само батерија и полнач одобрени од Samsung конкретно дизајнирани за Вашиот уред. Некомпатибилни батерија и полнач може да предизвикаат сериозни повреди или оштетување на Вашиот уред.

Никогаш не фрлајте ги батеријата или уредот во оган. Следете ги сите локални регулативи кога фрлате во отпад употребена батерија или уред.

Никогаш не поставувајте ги батеријата или уредот на или во загреани уреди, како што се микробранови печки, рерни или радијатори. Уредот може да експлодира доколку се загрее прекумерно.

Никогаш не удирајте го и не дупчете го уредот. Избегнете изложување на уредот на висок надворешен притисок што може да доведе до внатрешен краток спој и презагревање.

Заштитете ги уредот, батеријата и полначот од оштетување

Избегнете изложување на Вашиот уред и батерија на многу ниски или многу високи температури.

Екстремните температури може да го оштетат уредот и да го намалат капацитетот за полнење и работниот век на Вашиот уред и батерија.

Спречете каков било контакт на батеријата со метални предмети бидејќи тоа може да предизвика контакт помеѓу половите + и - на Вашата батерија и да доведе до привремено или трајно оштетување на батеријата.

Никогаш не користете оштетен полнач или батерија.

Внимание: Следете ги сите безбедносни предупредувања и прописи кога го користите Вашиот уред на места каде е ограничена нивната употреба

Не користете го уредот во близина на други електронски уреди

Повеќето електронски уреди користат радио фреквентни сигнали. Вашиот уред може да предизвика пречки во работата на другите електронски уреди.

Македонски

270