Користете го Вашиот уред за да повикате помош. Во случај на пожар, сообраќајни несреќи или медицински итни случаи, повикајте го локалниот број за итни случаи.

Користете го Вашиот уред за да им помогнете на другите во итни случаи. Доколку сте сведок на автомобилска несреќа, криминал во тек, или сериозен итен случај во кој животот е во опасност, повикајте го локалниот број за итни случаи.

Повикајте број за помош на патот или друг број за помош, не за итни случаи, кога тоа е потребно. Доколку видите возило застанато на патот кое не претставува сериозна опасност, скршен сообраќаен знак, ситна сообраќајна несреќа каде никое лице не е загрозено, или возило за кое знаете дека е украдено, повикајте го бројот назначен за пријавување ваков тип на ситуации.

Соодветна грижа за мобилниот уред и негова употребаУредот мора секогаш да биде сув

Влажноста и течностите може да ги оштетат деловите или електричните кола на Вашиот уред.

Не го вклучувајте Вашиот уред додека е мокар. Ако уредот веќе е вклучен, исклучете го и извадете ја батеријата веднаш (ако уредот не може да се исклучи или не можете да ја извадите батеријата, оставете го како што е). Потоа, исушете го уредот со крпа и однесете го во сервисен центар.

Течностите ќе ја променат бојата на ознаката што означува оштетување предизвикано од вода. Оштетувањата предизвикани од вода ја поништуваат гаранцијата на производителот.

Не чувајте го и не складирајте го Вашиот уред во области со високи концентрации на прашина или други материи присутни во воздухот

Прашината или надворешните материјали може да предизвикаат неправилно функционирање на Вашиот уред и тоа може да резултира со пожар или електричен шок.

Чувајте го Вашиот уред само на рамни површини.Ако Вашиот уред падне, може да се оштети.

Македонски

273