Поврзување на мрежа

Со поврзување на интелигентниот телевизор во мрежа добивате пристап до услуги на интернет како што е Smart Hub, како и софтверски ажурирања.

Мрежна врска - безжична

Поврзете го телевизорот на интернет преку стандарден рутер или модем.

Безжичен IP рутер или модем кој поддржува DHCP сервер

Приклучок за LAN на ѕидот

LAN кабел (не се испорачува)

Безбедносни мерки за безжични мрежи

•• Овој Smart TV ги поддржува протоколите за комуникација IEEE 802.11a/b/g /n. Samsung препорачува користење на IEEE 802.11n. Во спротивно, кога репродуцирате видео запис преку мрежна врска, можно е видео записот да не биде репродуциран рамномерно.

•• За да користите безжична мрежа, телевизорот мора да биде поврзан со безжичен рутер или модем. Ако безжичниот рутер поддржува DHCP, телевизорот може да користи DHCP или статична IP адреса за да се поврзе на безжичната мрежа.

•• Изберете канал што не се користи во моментот за безжичниот рутер. Доколку избраниот канал за безжичниот рутер во моментот го користи друг уред, тоа најчесто резултира со пречки и/или неуспешна комуникација.

•• Повеќето безжични мрежи имаат дополнителен безбедносен систем. За активирање на безбедносниот систем на безжичната мрежа, треба да создадете безбедносен клуч составен од знаци и броеви. Подоцна овој безбедносен клуч ќе биде потребен за поврзување на безжичната мрежа.

Безбедносни протоколи за мрежа

Телевизорот ги поддржува само следните безбедносни протоколи за безжична мрежа и не може да се поврзе на безжични рутери без сертификат:

•• Режими за автентикација: WEP, WPAPSK, WPA2PSK

•• Видови на шифрирање: WEP, TKIP, AES

Ако безжичниот рутер е поставен во режимот Pure High-throughput (Greenfield) 802.11n, а видот на шифрирање е поставен на WEP или TKIP, Smart TV од Samsung нема да ја поддржи врската во согласност со новите спецификации за Wi-Fi сертификатите.

Ако безжичниот рутер поддржува WPS (Wi-Fi Protected Setup), можно е да се поврзете на мрежата со користење на PBC (Push Button Configuration) или PIN (Personal Identification Number). WPS автоматски ги конфигурира SSID и WPA клучот.

Македонски - 10

[UF6200-XH]BN68-04879F-04L16.indb 10

 

 

2013-11-13 ￿￿ 3:20:09