Решавање на проблеми

Доколку имате прашања за телевизорот, најпрво погледнете ја листата за решавање на проблеми подолу. Ако не можете да примените ниту еден од овие совети за решавање проблеми, посетете ја интернет страницата “www. samsung.com” и кликнете на Поддршка или обратете се во центарот за поддршка кој е наведен на задната корица од овој прирачник.

Проблеми

Решенија и објаснувања

 

 

Телевизорот не се вклучува.

Проверете дали AC кабелот за напојување е добро приклучен во ѕидниот

 

приклучок и телевизорот.

 

Проверете дали ѕидниот приклучок функционира.

 

Обидете се да го притиснете копчето P на телевизорот за да проверите дали

 

проблемот е кај далечинскиот управувач.

 

 

Нема слика/видео сигнал.

Проверете ги поврзувањата на каблите. Исклучете ги и повторно приклучете ги

 

сите кабли кои се поврзани и на телевизорот и на надворешните уреди.

 

Поставете го излезниот видео сигнал на секој надворешен уред (кабелски/

 

сателитски приемник, DVD, Blu-ray итн.) да одговара на влезните приклучоци на

 

телевизорот.

 

Проверете дали надворешните уреди се вклучени.

 

Проверете дали сте го избрале соодветниот влезен извор.

 

Рестартирајте го поврзаниот уред така што ќе го исклучите, а потоа повторно

 

ќе го вклучите неговиот кабел за напојување.

 

 

Далечинскиот управувач не

Заменете ги батериите на далечинскиот управувач. Проверете дали батериите

функционира.

се поставени правилно во однос на нивните поларитети (+ и –).

 

Исчистете го прозорецот за пренос на сензорот кај далечинскиот управувач.

 

Обидете се да го насочите далечинскиот управувач директно кон телевизорот

 

на растојание од 1,5 до 1,8 m од телевизорот.

 

 

Далечинскиот управувач

Програмирајте го далечинскиот управувач на кабелскиот/set top box приемник

на кабелскиот/set top box

да управува со телевизорот. За повеќе информации во врска со кодовите

приемник не го вклучува/

за телевизори од SAMSUNG, погледнете го прирачникот за користење на

исклучува телевизорот и не

кабелскиот/set top box приемник.

ја прилагодува јачината на

 

звукот.

 

 

 

-- Овој телевизор се одликува со TFT LED екран кој се состои од подпиксели за чие создавање е потребна софистицирана технологија. Сепак, можно е да се појават неколку светли или темни пиксели. Овие пиксели нема да имаат никакво влијание на перформансите на уредот.

-- За да го доведете вашиот телевизор во оптимална состојба, надградете го со најновиот софтвер. -- Некои од функциите погоре се достапни само кај одредени модели.

Македонски - 10

Page 142
Image 142
Samsung UE55H6800AWXXN, UE48H6800AWXXH, UE55H6800AWXXH, UE48H6800AWXZF, UE55H6800AWXZF, UE48H6800AWXXC Решавање на проблеми