04Извршување на почетното поставување
Кога за прв пат ќе го вклучите вашиот телевизор, тој веднаш ќе го активира почетното поставување. Почетното поставување ви овозможува да ги конфигурирате основните поставки според кои ќе функционира телевизорот, како што се прием на емитувања, пребарување канали и мрежна врска.
•• Пред да започнете со почетното поставување, прво треба да поврзете надворешни уреди.
•• За да ги користите паметните функции на телевизорот, телевизорот мора да биде поврзан на интернет.
•• Кога телевизорот комуницира со мобилните уреди, на телевизорот може привремено да се појави шум.
•• Апликацијата SmartThings е достапна за мобилни уреди со Android 6.0 или понова верзија, како и за уреди со iOS 10 или понова верзија.
•• За да извршите иницијализација преку апликацијата SmartThings, мобилниот уред мора да биде поврзан на
•• Ако прозорецот за поставување не се појави автоматски во апликацијата SmartThings на мобилниот уред, тогаш постапката ќе ја продолжите откако рачно ќе го додадете телевизорот во функцијата Додај уред на контролната табла на апликацијата SmartThings.
Почетното поставување може да го активирате и преку менито на телевизорот ( > Поставување > Општо > Започнете со поставувањето).
Следете ги инструкциите што се прикажуваат на екранот за почетно поставување и конфигурирајте ги основните поставки на телевизорот според опкружувањето во кое го користите.
Користење на ТВ-контролор
Вклучете го телевизорот со помош на копчето
Мени за контрола
: Исклучи : Гл. горе
: Кан. горе : Глас. долу
: Канал долу | : Извор |
Притиснете: Премести Притиснете и задржете: Избери
Македонски - 12