МАКЕДОНСКИМК

ОПШТО

Внимателно прочитајте ги следните важни информации кои се однесуваат на безбедноста при инсталирањето и одржувањето. Задржете ја оваа информативна брошура при рака за понатамошна употреба. Овој апарат е дизајниран за користење со издувување во вентилациски канал (воздухот се издувува нанадвор – сл.1B), изведба со филтри (воздухот кружи во просторијата – сл.1A) или со надворешен мотор (сл.1C).

БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ

Обрнете внимание кога аспираторот работи истовремено со отворени пламеници или плински уреди кои го користат воздухот од околината и не се напојуваат со електрична енергија, бидејќи аспираторот го зема воздухот од околината кој на пламениците или плинските уреди им е потребен за согорување. Негативниот притисок во околината не смее да преминува 4Pa (4x10-5 bar). За безбедно функционирање на аспираторот обезбедете соодветна вентилација во околината. Придржувајте се до локалните прописи за надворешното издувување на воздухот.

Пред да го поврзете апаратот на електричната мрежа:

-Извршете контрола на натписната плочка (поставена во апаратот) и проверете дали напонот и снагата одговараат на мрежата и дали штекерот е соодветен. Доколку не сте сигурни запрашајте квалификуван електричар.

-Ако кабелот за напојување е оштетен, тој мора да се замени со друг кабел или со специјална склопка, кои можат да се набават директно од производителот или од центарот за техничка помош.

-Овој уред мора да се поврзе на мрежата за напојување со помош на приклучок со осигурувач од 3A или со рачно поврзување на кабелски приклучок 2 фази заштитен со

осигурувач од 3A.

Предупредување !

Во одредени околности електричните апарати можат да бидат опасни.

A)Немојте да ја проверувате состојбата на филтрите додека работи аспираторот.

B)Немојте да ги допирате светилките или соседните површини, за време или непосредно по долготрајното користење на осветлувањето.

C)Готвењето со фламбирање под аспираторот е забрането.

D)Избегнувајте отворен пламен, за да не дојде до оштетување на филтрите и пожар.

E)Постојано проверувајте ја пржената храна бидејќи врелото масло може да предизвика пожар.

F)Пред какво било одржување исклучете го приклучокот од штекерот.

G)Овој уред не е наменет за користење од страна на мали деца или онемоштени лица без соодветен надзор.

H)Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот.

I)Во просторијата треба да има соодветна вентилација во случај кога аспираторот истовремено се користи со уреди кои согоруваат плин или други горива.

L)Постои опасност од пожар доколку чистењето не се изврши во согласност со напатствијата.

M)Ве молиме да користите посебен приклучок за струја.

: Опасност од пожар.

N)Не го користете аспираторот кога имате оган на садовите и тавчињата.

: Опасност од пожар.

O)Не го допирајте аспираторот или прекинувачот со мокри раце.

: Опасност од електричен шок.

P)Не го чистете аспираторот со хемикалии.

Овој апарат е во согласност со Европската директива EC/2002/96 за отстранување на електрична и електронска опрема (WEEE). Преку соодветно отстранување на овој апарат, корисникот помага во спречувањето на потенцијалната штета врз околината или човековото здравје.

Симболот на производот или придружните документи

означува дека апаратот не треба да се третира како отпад од домаќинството, туку треба да се однесе на соодветно место за собирање и рециклирање на електрична и електронска опрема. Придржувајте се до локалните прописи за отстранување на отпад. За повеќе информации околу постапувањето, повторното користење

ирециклирањето на овој производ, ве молиме обратете седовашителокалнивласти,претпријатиетозасобирањето на отпадот од домаќинствата или продавницата каде тој е купен.

НАПАТСТВИЈА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ

Монтирањето и електричното поврзување треба да биде извршено од страна на квалификувани лица.

Електрично поврзување

Според производството овој апарат спаѓа во класа II, така што не е неопходен кабел за заземјување.

Приклучокот на напојувањето е изведен според следната шема:

КАФЕАВА = L фаза СИНА = N нула

Доколку не е обезбеден приклучок, извршете поврзување со приклучок за електрично оптоварување кое е назначено на описната етикета. Доколку е обезбеден приклучок, аспираторот мора да се монтира така што приклучокот ќе биде лесно достапен.

Повеќеполарен преклопник со минимален отвор од 3 mm помеѓу контактите, соодветен на електричното оптоварување и локалните стандарди, мора да биде поставен помеѓу апаратот и мрежата во случај на директно поврзување на електричната мрежа.

Минималното растојание помеѓу горната површина на шпоретот на која се поставуваат садовите за готвење и најдолниот дел од аспираторот мора да биде најмалку 65 см. Ако се користи одводна цевка која е изведена во два дела, горниот дел мора да биде поставен над долниот дел. Немојте да го поврзувате одводот на аспираторот

- 27 -

Page 27
Image 27
Samsung HDC6145BX/BOL, HDC6145BX/BWT, HDC6145BX/XEH manual Македонскимк, Општо, Безбедносни Мерки, Напатствија ЗА Поставување