Прикачување на телевизорот со држачот

Проверете дали ја имате сета прикажана галантерија, а потоа составете го држачот следејќи ги понудените инструкции за составување.

Мерки за безбедност: Прицврстување на телевизорот за ѕид

Внимание: Повлекувањето, туркањето или качувањето на телевизорот може да предизвика паѓање на телевизорот. Особено внимавајте вашите деца да не се држат за телевизорот и да не го дестабилизираат. Ова движење може да доведе до превртување на телевизорот, предизвикувајќи сериозни повреди или смрт. Придржувајте се до сите безбедносни мерки кои се наведени во безбедносниот леток кој се испорачува со вашиот телевизор. За дополнителна стабилност и безбедност, може да го купите и инсталирате системот против паѓање како што е опишано подолу.

Мерки со кои ќе спречите паѓање на телевизорот

Ова се општите инструкции. Samsung не ги испорачува прицврстувачите, завртките и жиците. Тие мора да се купат посебно. Ви препорачуваме да се консултирате со сервисер за инсталации или професионален инсталатер на телевизори за инсталација на специфичен хардвер и хардвер кој спречува паѓање.

1.Поставете ги завртките во прицврстувачите и цврсто стегнете ги за ѕидот. Проверете дали завртките се цврсто стегнати на ѕидот.

-- Може да ви бидат потребни дополнителни материјали како типли, во зависност од типот на ѕидот.

2.Извадете ги завртките од централниот дел на задната страна од телевизорот, ставете ги завртките во прицврстувачите и повторно прицврстете ги завртките на телевизорот.

-- Завртките може да не бидат испорачани со производот. Во тој случај,

ве молиме купете завртки со следните спецификации.

 

3. Поврзете ги прицврстувачите поставени на телевизорот и прицврстувачите

 

поставени на ѕидот со издржлива и цврста жица, потоа силно прицврстете

 

ја жицата.

 

-- Поставете го телевизорот блиску до ѕидот за да не може да падне

 

наназад.

 

-- Поврзете ја жицата така што прицврстувачите поставени на ѕидот да

-- Прикажаната слика може да

се наоѓаат на иста висина или пониско од прицврстувачите поставени

биде различна, во зависност од

на телевизорот.

моделот.

 

-- Извадете ја жицата пред да го преместите телевизорот.

 

4.Проверете дали сите поврзувања се соодветно прицврстени. Проверувајте ги поврзувањата повремено заради можно разлабавување или неисправност. Доколку се сомневате во безбедноста на вашето поврзување, обратете се до професионален монтер.

Македонски

Македонски - 11

Page 143
Image 143
Samsung UE55JU6800WXXN Прикачување на телевизорот со држачот, Мерки за безбедност Прицврстување на телевизорот за ѕид