03Далечинска контрола на Samsung Smart
Повеќе за копчињата на Далечинска контрола на Samsung Smart
•• Сликите, копчињата и функциите на Далечинска контрола на Samsung Smart може да се разликуваат
во зависност од моделот.
(Напој.)
Притиснете за вклучување или исклучување на телевизорот.
(копче Број)
Кога ќе го притиснете, во долниот дел на екранот ќе се појави лента за броеви. Изберете ги броевите, а потоа изберете Готов за да ја внесете нумеричката вредност. Се користат за менување канали, внесување PIN код, внесување поштенски код итн.
•• Ако го притиснете и задржите 1 секунда или подолго, тогаш ќе се појави менито на функцијата TTX.
Копчиња за насока (горе/долу/ лево/десно)
Овозможува поместување на означувањето и ги менува вредностите кои ги гледате во менито на телевизорот.
(Врати) Овозможува враќање на претходното мени. Ако го притиснете и задржите 1 секунда или подолго, функцијата што се користи ќе се исклучи. Ако го притиснете додека гледате некоја програма, тогаш ќе се прикаже претходниот канал.
(Репродукција/Пауза)
Кога ќе го притиснете, се појавуваат контролите за репродукција. Со помош на овие контроли можете да ги контролирате медиумските содржини што се репродуцираат.
(Smart Hub)
Овозможува враќање на Прв екран.
Македонски - 10
(Гласовна интеракција)
Ја активира функцијата Гласовна интеракција. Притиснете го и задржете го копчето, изговорете команда, а потоа отпуштете го копчето за да ја активирате функцијата Гласовна интеракција. Кога ќе го притиснете копчето, менито Enter Voice Command Guide ќе се појави во долниот дел на екранот.
•• Поддржаните јазици и функции за гласовна интеракција може да се разликуваат во зависност од географската област.
(копче Боја)
Користете ги овие копчиња во боја за да пристапите до дополнителни опции кои се карактеристични за функцијата што се користи.
Избери
Овозможува избирање или активирање на означениот елемент. Ако го притиснете додека гледате некоја содржина, тогаш ќе се прикажат детални информации за програмата.
VOL (Глас)
Поместете го копчето нагоре или надолу за да ја прилагодите јачината на звукот. За да го исклучите звукот, притиснете го копчето. Ако го притиснете и задржите 1 секунда или подолго, тогаш ќе се појави менито на функцијата Кратенки за пристапност.
CH (Канал)
Поместете го копчето нагоре или надолу за да го промените каналот. За да го погледнете екранот на функцијата Водич, притиснете го копчето.
•• Ако го притиснете и задржите 1 секунда или подолго, тогаш ќе се појави екранот на функцијата Список со канали.