СТАВАЊЕ ДЕТЕРГЕНТ ВО МАШИНАТА
1.Извлечете ја фиоката за детергент.
2.Ставете детергент во преградата ().
3. Ставете омекнувач во преградата () (доколку сакате).
4. Ставете детергент за предперење во преградата () (доколку сакате).
Концентрираните или густите омекнувачи треба
ВНИМАНИЕ да се разредат со малку вода пред да се стават во преградата (на овој начин се оневозможува
блокирање на одводот).
ПЕРЕЊЕ НА АЛИШТА СО КОРИСТЕЊЕ НА FUZZY LOGIC
Перењето со вашата нова машина е многу едноставно со употребата на Samsung “Fuzzy Logic” системот за автоматска контрола. Кога ќе изберете програма за перење, машината ќе ја постави соодветната температура, времето и брзината на перењето.
За да ги употребувате Fuzzy Logic програмите при перењето алишта:
1.Отворете ја славината за вода на лавабото.
2.Притиснете го копчето за вклучување.
3.Отворете ја вратата.
4.Наполнете ја машината со алишта, без да ја преполните.
5.Затворете ја вратата.
6.Додадете детергент, омекнувач или детергент за предперење (по потреба) во соодветната преграда.
Опцијата Wash (перење) е достапна само кај програмите Duvet (јоргани), Bedding (постелнина), Towel (крпи за бришење), Curtain (завеси), Cotton (памук), Coloureds (обоено), Synthetics (синтетика) и Delicates (деликатни алишта). Потребна е единствено доколку ткаенините се многу валкани.
7.Завртете го Fuzzy контролното копче за да го изберете соодветниот програм според видот
на облеката Cotton (памук), Coloureds (обоено), Synthetics (синтетика), Delicates (деликатни алишта), Wool (волна), Hand wash
(рачно перење), Quick (брзо перење), Rinse+Spin (плакнење+центрифуга), Spin (центрифуга), Drain (цедење), Baby Cotton (фин памук), Heavy Soil (многу валкано), Mixed Load (мешани алишта), Calm Wash (тивко перење).
Индикаторот на контролната плоча ќе засвети.
8.Во овој момент, со притиснување на копчето за соодветната опција, ќе може да го контролирате видот на перењето, температурата на перењето, бројот на плакнењата, брзината на центрифугата и времето на одложено завршување.
9.Притиснете го копчето за активирање/пауза на Fuzzy контролното копче и циклусот на перење ќе започне. Индикаторот за процесот ќе засвети и на екранот ќе се прикаже преостанатото време на циклусот.
Кога циклусот е завршен:
Кога целиот циклус ќе заврши, машината автоматски ќе се исклучи.
1.Отворете ја вратата.
2.Извадете ги алиштата.
перење на алишта _13
02 перење на алишта