перење на алишта
Рачно перење облека
Можете да ја изберете функцијата за рачно перење без употреба на избирачот за циклус.
1.Отворете го доводот на вода.
2.Притиснете го копчето Power (напојување) на машината за перење.
3.Отворете ја вратата.
4.Наполнете ја машината со алишта, без да ја преполните.
5.Затворете ја вратата.
6.Додадете детергент и по потреба омекнувач или детергент за предперење во соодветните прегради.
7.Притиснете го копчето Temp. (температура) за да изберете соодветна температура. (ладна вода, 30 °C, 40 °C, 60 °C, 95 °C)
8.Притиснете го копчето Rinse (плакнење) за да го изберете потребниот број циклуси на плакнење.
Можни се максимум пет циклуси на плакнење. Времетраењето на перењето ќе се продолжи респективно.
9.Притиснете го копчето Spin (центрифуга) за да изберете брзина на центрифуга. Функцијата за запрено плакнење ви овозможува да ги извадите сè уште мокрите алишта од машината за перење. ( : Без центрифуга, : Запрено плакнење)
10.Секвенцијално притиснувајте го копчето Delay End (одложено завршување) за избор на соодветната опција на одложено завршување (од 3 часа до 19 часа, со чекор од 1 час). Прикажаните часови го означуваат времето на завршување на перењето.
11.Притиснете го копчето за Start/Pause (активирање/пауза) и машината ќе го започне циклусот на перење.