с
За малите количества храна потребно е пократко време на готвење или загревање. Доколку се постават стандардните времиња може да дојде до прегревање и загорување. Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот.
Доколку има истурена храна, таа треба да биде отстранета од капакот пред неговото отворање и површината на плотната треба да се остави да се излади пред затворањето на капакот (само за моделот кој има капак).
Немојте да се качувате врз уредот или да поставувате предмети врз него (како алишта, капаци за плотна, запалени свеќи, запалени цигари, садови, хемикалии, метални предмети итн.).
-Ова може да предизвика електричен удар, пожар, проблеми со производот или повреди.
Немојте да ракувате со уредот со мокри раце. - Ова може да предизвика електричен удар.
Немојте да прскате испарливи материјали како инсектициди на површината од уредот.
-Освен што е штетно за луѓето, тоа исто така може да предизвика електричен удар, пожар или проблеми со производот.
Немојте да го поставувате уредот врз кршливи елементи како лавабоа или стаклени елементи.
- Ова може да предизвика оштетување на лавабото или стаклениот елемент.
Внимавајте при отстранувањето на обвивката на храната која штотуку сте ја извадиле од уредот.
-Ако храната е жешка, при отстранувањето на обвивката ненадејно може да се рашири жешка пареа и можете да се изгорите.
Немојте да го откачувате уредот со повлекување на кабелот за напојување, секогаш цврсто фатете го приклучокот и повлечете директно од штекерот.
-Оштетувањето на кабелот може да предизвика краток спој, пожар и/или електричен удар
Уредите не се предвидени да бидат контролирани од надворешни тајмери или одделни системи за далечинска контрола.
Немојте долго да гледате во елементите на плотната (само за моделот со инсталирана халогенска светилка).
По употребата, исклучете го елементот на плотната преку контролното копче и немојте да зависите од детекторот за садови (само за моделот со инсталиран детектор за садови).
Сериозни предупредувања во однос на
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ чистењето
Немојте да го чистите уредот со директно прскање на вода.
За чистење на уредот немојте да користите бензол, разредувач или алкохол.
-Ова може да предизвика обезбојување, деформирање, оштетување, електричен удар или пожар.
Пред чистење и одржување, извадете го приклучокот на уредот од ѕидниот штекер. - Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.
Заради ваша безбедност, немојте да користите уреди за чистење со вода со висок притисок или пареа.