МАКЕДОНСКИ

Прилагодување на времето на готвење

1.Прилагодете го времето на готвење со ротирање

на копчето за Време/Тежина (). Завртете го копчето надесно за да го зголемите времето на готвење на храната при процесот на готвење.

Прекинување на готвењето

Можете да го прекинете готвењето во секое време за да ја проверите храната.

1. За привремено прекинување; Отворете ја вратата.

Резултат: Готвењето се прекинува. За да го продолжите готвењето, затворете ја вратата.

2. За целосно прекинување; Завртете го копчето за Време/Тежина () налево. Ќе се прикаже “Тековното време”.

Употреба на функцијата за автоматско забрзано одмрзнување

Функцијата за автоматско одмрзнување ви овозможува одмрзнување на месо, живина или риба. Прво, поставете ја замрзнатата храна на средина од плочата и затворете ја вратата.

1.Завртете го копчето за КОНТРОЛА НА ЈАЧИНА

НА ГОТВЕЊЕ на симболот за автоматско одмрзнување ().

2. Завртете го копчето за Време/Тежина () за да ја изберете соодветната тежина.

Резултат: Светлото се вклучува и плочата почнува да се врти.

1)Готвењето започнува и кога ќе заврши се слуша звучен сигнал "бип" 4 пати.

2)Сигналот за крај ќе го слушнете 3 пати (еднаш во минута).

3)Моменталното време повторно се прикажува.

Користете само предмети кои можат безбедно да се користат во микробранова печка.

Употреба на програмите за автоматско забрзано одмрзнување

Пред одмрзнувањето отстранете ги сите материјали за пакување. Поставете ја замрзнатата храна на плочата. Завртете ја храната кога печката ќе емитува "бип" звук. Запазете го соодветното време на стоење по завршување на автоматското одмрзнување.

Код/Храна

Големина

Време на

Препораки

на порции

стоење

 

 

Месо

200-1500 g

20-60 мин.

Покријте со алуминиумска фолија.

Живина

200-1500 g

20-60 мин.

Завртете ја храната кога печката ќе

емитува "бип" звук.

Риба

200-1500 g

20-50 мин.

 

 

 

 

 

Водич за готвење со пареа

(само моделите MS23F301EF*, MS23F302EF*)

Садот за готвење со пареа се базира на принципот за готвење со помош на пареа, и е дизајниран за брзо и здраво готвење во вашата Samsung микробранова печка.

Овој додаток е идеален за готвење ориз, тестенини, зеленчук итн. за многу кратко време, истовремено зачувувајќи ги хранливите состојки.

Комплетот за готвење со пареа содржи 3 елементи:

Сад

Дел за вметнување со отвори

Капак

Сите делови можат да издржат температури од -20 °C до 140 °C.

Погодни се за чување во ладилник-замрзнувач. Можат да се користат одделно или заедно.

УСЛОВИ за КОРИСТЕЊЕ:

Садот немојте да го користите:

за готвење храна со голема содржина на шеќер или масти,

со грејач или функција на загревање со вртење, или на шпорет или плотна.

Пред првото користење добро измијте ги сите делови во сапуница.

За да ги дознаете времињата на готвење, користете ги инструкциите во табелата на наредната страница.

14

MS23F301EAW_OL_DE68-04182U_MK.indd 14

13/05/2013 16:39:16

Page 54
Image 54
Samsung MS23F301EAW/OL, MS23F301EAK/OL manual Прилагодување на времето на готвење, Прекинување на готвењето