Информации за безбедност

Пред да го користите уредот, Ве молиме прочитајте ги овие важни информации за безбедност. Тоа се општи информации за безбедност за уреди и може да вклучуваат содржина што не важи за Вашиот уред. Почитувајте ги предупредувачките информации и информациите за внимание за да спречите лична повреда или повреда на други и за да спречите оштетување на Вашиот уред.

Изразот „уред“ се однесува на производот и неговата батерија, полнач, деловите снабдени со мобилниот уред и сите додатоци одобрени од Samsung што се користат со производот.

Предупредување

Доколку не се придржувате до безбедносните предупредувања и прописи, може да настанат сериозни повреди или смрт

Не употребувајте оштетени електрични приклучоци, продолжни кабли или лабави приклучоци

Небезбеден приклучок може да предизвика електричен шок или пожар.

Македонски