Правилно отстранување на батериите на овој производ

(Применливо во држави со посебни системи за справување со отпадот)

Ознаката на батеријата, упатството или пакувањето укажува дека батеријата во овој производ не треба да се фрла заедно со останатиот отпад од домаќинството. Каде што се означени, хемиските симболи Hg, Cd или

Pb означуваат дека батеријата содржи жива, кадмиум или олово над препорачаното ниво во Директивата 2006/66/EC.

Батеријата која е составен дел од овој производ не може да биде заменета од корисникот. За информации за нејзина замена, Ве молиме обратете се до Вашиот сервисен центар. Не обидувајте се да ја отстраните батеријата или да ја фрлите во оган. Не расклопувајте ја, не кршете ја или не дупчете ја батеријата. Ако сакате да се ослободите од производот, местото за собирање отпад ќе ги преземе неопходните мерки за рециклирање и третман на производот, вклучувајќи ја и батеријата.

Изјава за одрекување

Некои содржини и услуги достапни преку овој уред се во сопственост на трети страни и се заштитени со законите за авторски права, патенти, трговски марки и/или други закони за интелектуалната сопственост.

Таквата содржина и услуги се овозможени само за Ваша лична некомерцијална употреба. Не смеете да користите какви било содржини или услуги на начин кој не е одобрен од сопственикот на содржината или давателот на услугата. Без ограничување на претходното, доколку немате изречно овластување од соодветниот сопственик на содржината или давателот на услугата, не смеете да изменувате, копирате, повторно објавувате, префрлувате, поставувате, пренесувате, преведувате, продавате, создавате изведени дела, искористувате или дистрибуирате на кој било начин или медиум какви било содржини или услуги прикажани со помош на овој уред.

Македонски