Samsung UE22H5610AWXXN Поврзување уреди на вашиот телевизор, Користење на CI или CI+ картичка

Models: UE22H5600AWXXH UE22H5610AWXXC UE22H5600AWXXC UE22H5600AWXXN UE22H5610AWXXH UE22H5610AWXXN UE22H5600AWXZF UE22H5610AWXZF

1 321
Download 321 pages 29.31 Kb
Page 227
Image 227

Поврзување уреди на вашиот телевизор

Користејќи ги приклучоците кои се наоѓаат на задната страна на производот, можете да поврзувате разни надворешни уреди. Разгледајте ги приклучоците, а потоа погледнете ги испорачаните инструкции за составување за да дознаете повеќе информации за уредите кои се поддржани.

Поврзување со отворот COMMON INTERFACE (отвор за картичка за гледање кај вашиот телевизор)

-- Исклучете го телевизорот за да поврзете или отстраните CI картичка.

Користење на “CI или CI+ картичка”

За гледање на канали кои треба да се платат, мора да вметнете “CI или CI+ картичка”.

-- Ако не вметнете “CI или CI+ картичка”, на некои канали ќе се прикаже пораката “Кодиран сигнал”.

-- По 2-3 минути ќе се прикажат информации за впарување кои содржат телефонски број, ID ознаката на “CI или CI+ картичка”, Host

ID и други информации. Доколку се прикаже порака за грешка, ве молиме обратете се до давателот на услугата.

-- По завршување на конфигурирањето на информациите за каналите ќе се прикаже пораката “Ажурирањето е завршено”, известувајќи ве дека списокот со канали е ажуриран.

ЗАБЕЛЕШКА

-- “CI или CI+ картичка” мора да обезбедите од локалниот давател на кабелски услуги.

-- При отстранување на “CI или CI+ картичката” влечете внимателно, бидејќи ако “CI или CI+ картичката” ви падне може да ја оштетите.

-- Вметнете ја “CI или CI+ картичката” во насоката која е означена на картичката.

-- Положбата на отворот за COMMON INTERFACE може да биде различна во зависност од моделот.

-- “CI или CI+ картичката” не е поддржана во некои држави и региони, па затоа консултирајте се со вашиот овластен дистрибутер.

-- Доколку имате некакви проблеми, обратете се кај давателот на услуги.

-- Вметнете “CI или CI+ картичка” која ги поддржува тековните поставувања на антената. На екранот ќе се појават изобличувања или ништо нема да се прикаже.

Македонски

Македонски - 7

Page 227
Image 227
Samsung UE22H5610AWXXN, UE22H5610AWXXH manual Поврзување уреди на вашиот телевизор, Користење на CI или CI+ картичка