Почетно поставување

Почетниот прозорец со дијалог за поставување ќе се појави при првото активирање на телевизорот. Следете ги упатствата на екранот за да го завршите почетниот процес за поставување, како и да изберете јазик на мени, пребарување на канали, поврзување на мрежа и друго. Во текот на секој чекор, ќе можете да направите избор или да го прескокнете чекорот. Овој чекор можете рачно да го извршите подоцна во менито Систем

>Постав..

-- Ако поврзете некој уред во HDMI1 приклучокот пред да започне инсталацијата, функцијата Извор на канал автоматски ќе се промени во Сет-топ кутија.

-- Доколку не сакате да изберете Сет-топ кутија, ве молиме изберете Антена.

Промена на лозинка

Систем > Измени PIN

Менување на лозинката на телевизорот.

1.Активирајте ја функцијата Измени PIN и внесете ја тековната лозинка во полето за лозинка. Зададената лозинка е “0-0-0-0”.

2.Внесете нова лозинка, а потоа внесете ја уште еднаш за да ја потврдите. Промената на лозинката е завршена.

-- Доколку го заборавите вашиот PIN код, притиснете ги копчињата по следниот редослед за да го ресетирате PIN кодот на “0-0-0-0”:

Во режим на подготвеност: MUTE → 8 → 2 → 4 → POWER (Вкл)

Избирање на видео извор

Со копчето SOURCE можете да изберете поврзан надворешен уред.

На пример, за да преминете на конзолата за игри која

еповрзана на вториот HDMI приклучок, притиснете SOURCE. Од листата на функцијата Извор изберете HDMI2 за да го промените влезниот сигнал во HDMI режим. Имињата на приклучоците може да бидат различни во зависност од производот.

На екранот на функцијата Извор се достапни следните опции

TOOLS Копче

Изберете приклучок на кој е поврзан надворешен уред, а потоа притиснете и задржете го копчето Внеси. Достапни се следните функции:

-- Опциите што се достапни за секој приклучок можат да бидат различни.

Уреди име

Овозможува промена на името на уредите поврзани на телевизорот, за полесно препознавање на надворешните извори.

На пример, можете да означите компјутер кој е поврзан со телевизорот преку HDMI-DVI кабел како

DVI PC.

Или, пак, означете компјутер кој е поврзан со телевизорот преку HDMI кабел како PC.

Исто така, можете да означите AV уред кој е поврзан со телевизорот преку HDMI-DVI кабел како DVI уреди.

Информации

Погледнете детални информации за поврзаните уреди.

Anynet+ (HDMI-CEC)

Овозможува прикажување на список со уреди кои поддржуваат Anynet+ (HDMI-CEC) и се поврзани на телевизорот.

-- Оваа опција е достапна само кога функцијата Anynet+ (HDMI-CEC) е поставена на Вкл.

Отстрани USB

Се користи за безбедно отстранување на USB уред кој е поврзан на телевизорот. Оваа опција е достапна само ако USB уредот бил избран претходно.

Македонски - 12

Page 232
Image 232
Samsung UE22H5610AWXXH, UE22H5610AWXZF manual Почетно поставување, Избирање на видео извор, Промена на лозинка, Tools Копче