Преглед на контролната плоча

Бојата и обликот на производот може да се разликуваат во зависност од моделот.

На задната страна од телевизорот има контролни копчиња. Кога ќе го притиснете копчето ќе се појават контролни икони. Кога функцијата 3D режим е активна, контролната икона нема да се појави.

Секој предмет (електрична жица и сл.) во близина на контролната плоча може да предизвика случајно активирање на приказот на екранот.

Страна на телевизорот

Сензор за далечинскиот управувач

Индикатор за напојување

E(извор)

m(мени)

o (јачина на звук)

k(канал)

P(напојување)

Режим на подготвеност

Далечинскиот управувач насочувајте го кон оваа точка на телевизорот.

Трепка и се исклучува кога напојувањето е вклучено и засветува во режим на подготвеност.

Префрлување помеѓу сите достапни влезни извори. На менито на екранот, користете го ова копче на ист начин како што го користите и копчето ENTERE на далечинскиот управувач.

Го прикажува менито на екранот, OSD (приказ на екранот) на функциите на вашиот телевизор.

Прилагодување на јачината на звукот. На OSD, користете ги копчињата wv на ист начин како што ги користите и копчињата ◄ и ► на далечинскиот управувач.

Менување на каналите. На OSD, користете ги копчињата <> на ист начин како што ги користите и копчињата ▼ и ▲ на далечинскиот управувач.

Вклучување или исклучување на телевизорот.

Не оставајте го вашиот телевизор подолг период во режим на подготвеност (на пример, додека сте на одмор). Иако копчето за напојување е исклучено, телевизорот користи мало количество на електрична енергија. Најдобро е да го исклучите кабелот за напојување.

Македонски - 4

Page 226
Image 226
Samsung UE40D8000YSXZF, UE40D8000YSXXH, UE55D8000YSXXH manual Преглед на контролната плоча, Сензор за далечинскиот управувач