Поставување на универзалниот далечински управувач

Овој телевизор нуди функција на универзален далечински управувач која ви овозможува да контролирате кабелски приемници, Blu-ray плеери, домашни кина и други надворешни уреди од трети страни кои се поврзани на телевизорот преку далечинскиот управувач на телевизорот.

Функцијата Постави униве. далечинско може да не поддржува одредени стари или сите нови модели на надворешни уреди кои се поврзани со телевизорот.

Одржувајте растојание од најмалку 5 cm помеѓу IR ПРОДОЛЖИТЕЛНИОТ КАБЕЛ и надворешниот уред, како што е прикажано на сликата. Насочете го IR ПРОДОЛЖИТЕЛНИОТ КАБЕЛ кон приемникот за сигнали за далечинскиот управувач на надворешниот уред. Имајте предвид дека не треба да има пречки помеѓу IR продолжетокот и надворешниот уред. Пречките ќе пречат при пренесувањето на сигналот за далечинско управување.

Додадете надворешен уред

1.Вклучете го надворешниот уред за кој сакате да ја поставите функцијата за универзален далечински управувач, а потота притиснете SOURCE за да го отворите екранот на функцијата Извор.

2.Изберете Постави униве. далечинско од горниот дел на екранот. Со тоа ќе ја започнете постапката за поставување на универзалниот далечински управувач.

3.Следете ги инструкциите на екранот и поставете го универзалниот далечински управувач. Ако далечинскиот управувач не функционира, поставете го со рачно внесување на бројот на моделот.

Македонски - 8

[UF5370-ZH]BN68-04824E-03L16.indb 8

2013-11-14 ￿￿ 9:35:09

Page 228
Image 228
Samsung UE46F5370SSXZH, UE40F5370SSXZH manual Поставување на универзалниот далечински управувач, Додадете надворешен уред