Прикачување на телевизорот со држачот
Проверете дали ја имате сета прикажана галантерија, а потоа составете го држачот следејќи ги понудените инструкции за составување.
Монтирање на телевизорот на ѕид
[[ Кога го монтирате телевизорот на ѕид, треба да ги следите инструкциите кои ги препорачува производителот. Доколку не се придржувате кон нив, телевизорот може да се лизне и падне, што може да предизвика сериозни физички повреди и оштетување на производот.
Монтирање на комплетот со ѕиден носач (изборно)
Искористете го комплетот со ѕиден носач (не се испорачува) за да го монтирате телевизорот на ѕид.
За детални информации за начинот на инсталирање на ѕидниот носач, погледнете ги инструкциите кои се испорачуваат со ѕидниот носач или побарајте сервисер за да ви помогне во поставувањето на носачот за монтирање на ѕид. Ако се одлучите да го монтирате комплетот со ѕиден носач, Samsung Electronics нема да преземе одговорност за какви било физички повреди или оштетувања на производот.
Носач за
монтирање телевизор на ѕид
C
Спецификации на комплетот со ѕиден носач (VESA)Инсталирајте го вашиот ѕиден носач на цврст ѕид кој е поставен нормално на подот. Кога го прицврстувате ѕидниот носач за подлоги од друг вид градежен материјал, ве молиме обратете се кај вашиот локален продавач. Доколку производот се инсталира на таван или ѕид кој е косо поставен, тој може да падне и да предизвика сериозни физички повреди или оштетувања на производот.
Македонски - 4