Предупредување! Важни безбедносни инструкции

(ве молиме прочитајте ги безбедносните инструкции пред да започнете да го

користите вашиот телевизор.)

ВНИМАНИЕ

РИЗИК ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР, НЕ ОТВОРАЈТЕ

ВНИМАНИЕ: ЗА ДА ГО НАМАЛИТЕ РИЗИКОТ ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР, НЕ ОТСТРАНУВАЈТЕ ГО КАПАКОТ (НИТУ ЗАДНАТА СТРАНА). ВО ВНАТРЕШНОСТА НЕМА ДЕЛОВИ КОИ МОЖЕ ДА СЕ ПОПРАВАТ ОД СТРАНА НА КОРИСНИКОТ. ПРЕПУШТЕТЕ ГО СЕРВИСИРАЊЕТО НА КВАЛИФИКУВАН ПЕРСОНАЛ.

Овој симбол посочува дека во внатрешноста има висок напон. Опасно

еда доаѓате во каков било контакт со внатрешните делови на овој производ.

Овој симбол означува дека со овој производ се испорачува важна литература во врска со неговото функционирање и одржување.

Приклучните места и отворите на ормарот и на задната или на долната страна се наменети за вентилација. За да се обезбеди сигурно функционирање на овој уред, но и да се заштити од прегревање, овие приклучни места и отвори никогаш не треба да бидат блокирани или покриени.

-- Не го поставувајте овој уред во затворен простор, како што се полици за книги или вградени ормари, освен ако не овозможите соодветна вентилација.

-- Не го поставувајте овој уред во близина или над радијатор или грејни тела или, пак, на места каде што ќе биде изложен на директна сончева светлина.

-- Не поставувајте садови (вазни итн.) кои содржат вода врз овој уред, бидејќи тоа може да предизвика пожар или електричен удар.

Не го изложувајте овој уред на дожд и не го поставувајте во близина на вода (во близина на када, лавабо, кујнско лавабо или корито за алишта, во влажен подрум или во близина на базен итн.). Доколку овој уред случајно се навлажни, исклучете го кабелот и веднаш обратете се кај овластениот дилер.

Овој уред користи батерии. Во вашата заедница можеби постојат еколошки регулативи според кои треба правилно да ги отстраните овие батерии. Ве молиме обратете се кај вашите локални власти за да добиете информации за отстранување или рециклирање.

Не ги оптоварувајте ѕидните приклучоци за струја, продолжителните кабли или адаптерите со надминување на нивниот капацитет, бидејќи тоа може да предизвика пожар или електричен удар.

Каблите за напојување треба да се постават на начин со кој ќе се избегне нивното газење или приклештување со предмети кои се поставени врз или до нив. Обрнете посебно внимание на приклучоците на краевите од кабелот, ѕидните приклучоци за струја и местата на кои излегуваат од уредот.

За да го заштитите овој уред од удар од гром или да го заштитите кога долг временски период не се користи или надгледува, извадете го кабелот од ѕидниот приклучок за струја и исклучете ја антената или кабелскиот систем. На тој начин ќе спречите оштетувања на уредот предизвикани од удар од гром и промени во напонските водови.

Пред да го поврзете кабелот за AC напојување со приклучокот на DC адаптерот, проверете дали ознаката за напон на DC адаптерот одговара со локалното електрично напојување.

Никогаш не вметнувајте метални предмети во отворените делови на овој уред. Тоа претставува опасност од електричен удар.

За да избегнете електричен удар, никогаш не допирајте ја внатрешноста на овој уред. Само квалификуван техничар смее да го отвора овој уред.

Приклучете го кабелот за напојување дури откако ќе го прицврстите уредот. Кога го исклучувате кабелот за напојување од ѕиден приклучок за струја, секогаш влечете за приклучокот на кабелот за напојување. Никогаш не исклучувајте го со влечење на самиот кабел. Не допирајте го кабелот за напојување со влажни раце.

Ако овој уред не работи нормално - поточно, ако од него се слушаат невообичаени звуци или излегува некоја миризба - веднаш исклучете го од напојување и обратете се кај овластениот дилер или сервисен центар.

Не заборавајте да го извлечете кабелот за напојување од приклучокот за струја ако уредот нема да се користи или ако излезете од домот на подолг временски период (особено кога деца, постари луѓе или луѓе со посебни потреби ќе останат сами во домот).

-- Насобраниот прав може да предизвика електричен удар, истекување на струја или пожар, бидејќи поради правта кабелот за напојување може да создаде искри и топлина или изолацијата може да ги изгуби своите својства.

Обратете се во овластен сервисен центар за да добиете повеќе информации доколку планирате да го инсталирате телевизорот на место со многу прав, високи или ниски температури, голема влажност, хемиски супстанци или на места каде што ќе се користи во период од 24 часа како на аеродроми, железнички станици итн. Во спротивно може да предизвикате сериозни оштетувања на телевизорот.

Користете само соодветно заземјени приклучоци и штекери.

-- Неправилното заземјување може да предизвика електричен удар или оштетување на опремата. (само опрема од класа l.)

За да го исклучите целосно овој уред, извадете го неговиот кабел од ѕидниот штекер. Обезбедете лесен пристап до ѕидниот штекер и приклучокот за напојување.

Не дозволувајте им на децата да се потпираат на уредот.

Галантеријата (батерии итн.) треба да се складира на безбедно место кое не е на дофат на децата.

Не поставувајте го производот на нестабилно место како што е нестабилна полица, закосен под или на места изложени на вибрации.

Не го испуштајте или удирајте производот. Ако производот е оштетен, исклучете го кабелот за напојување и обратете се во сервисен центар.

За да го исчистите уредот, исклучете го кабелот за напојување од ѕидниот штекер и избришете го производот со мека и сува крпа. Не користете никакви хемикалии како восок, бензен, алкохол, разредувачи, инсектициди, освежувачи на воздух, лубриканти или детергенти. Овие хемикалии можат да го оштетат надворешниот изглед на телевизорот или да ги избришат испечатените ознаки на производот.

Не изложувајте го уредот на капки или прскање. Не фрлајте ги батериите во оган.

Не ги расклопувајте, прегревајте, или правете краток спој на батериите.

Постои опасност од експлозија доколку батериите што сте ги користеле во далечинскиот управувач ги замените со батерии од погрешен вид. Заменете ги само со ист или еквивалентен вид.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - ЗА ДА СПРЕЧИТЕ ПОЈАВА НА ПОЖАР, СЕКОГАШ ЧУВАЈТЕ ГИ СВЕЌИТЕ ИЛИ ДРУГИТЕ ИЗВОРИ НА ОТВОРЕН ОГАН ПОДАЛЕКУ ОД ОВОЈ ПРОИЗВОД.

*Броевите и сликите од овој прирачник за користење служат само како референца и може да се разликуваат од вистинскиот приказ на производот. Дизајнот и спецификациите на производот може да се променат без претходно известување.

Јазиците од Заедницата на независни држави (руски, украински, казакстански) не се достапни за овој производ, бидејќи тој е произведен за корисници во регионот на ЕУ.

Македонски - 2

[JU6400-XH]BN68-07198D-01L16.indb 2

2015-03-03 오후 4:22:41

Page 156
Image 156
Samsung UE48JU6472UXXH, UE55JU6400WXXH, UE48JU6440WXXH manual Предупредување! Важни безбедносни инструкции, Македонски

UE75JU6400WXXH, UE40JU6472UXXH, UE48JU6472UXXH, UE60JU6472UXXH, UE48JU6440WXXN specifications

Samsung's JU series of televisions combines cutting-edge technology with sleek designs, catering to a variety of viewers' preferences. The models in this lineup, including the UE55JU6495UXZG, UE48JU6580UXZG, UE75JU6472UXXH, UE40JU6412UXXH, and UE40JU6652UXXH, offer distinctive features that enhance the viewing experience.

The UE55JU6495UXZG is a 55-inch television that offers stunning 4K Ultra HD resolution. With its Smart TV capabilities, users can access a variety of streaming services and applications, transforming their living room into a multimedia hub. The 4K Upscaling feature ensures that non-4K content looks fantastic too, converting lower resolution images to near 4K quality.

Similarly, the UE48JU6580UXZG, a 48-inch model, provides exceptional picture quality with the same 4K Ultra HD resolution. Its slim design fits seamlessly into any space, while the precise color and vibrant imagery are supported by Samsung’s advanced panel technologies. The model benefits from MultiLink Screen, allowing users to enjoy content from different sources simultaneously.

For larger spaces, the UE75JU6472UXXH is an impressive 75-inch television that delivers cinematic experiences right at home. This model employs Active Crystal Color technology, producing a wider range of colors for more lifelike images. The Smart Hub feature serves as an intuitive interface to access apps, games, and content without hassle.

The UE40JU6412UXXH and UE40JU6652UXXH cater to those looking for more compact options without compromising on quality. The 40-inch UE40JU6412UXXH offers the same popular features as its larger counterparts, including 4K resolution and Smart TV functionality. The UE40JU6652UXXH enhances this experience further with additional features like advanced audio options and an upgraded interface for better accessibility.

All these models come equipped with HDMI and USB ports, ensuring compatibility with a range of devices. The sleek design and slim bezels add a modern touch, making these televisions not just a source of entertainment but also a stylish addition to any room. Whether you seek a large screen for immersive viewing or a smaller model for cozy settings, the Samsung JU series delivers on performance, usability, and aesthetics.