Впарување на телевизорот со Далечинска контрола на Samsung Smart
Кога за прв пат ќе го вклучите вашиот телевизор, Далечинска контрола на Samsung Smart автоматски ќе се впари со телевизорот. Ако Далечинска контрола на Samsung Smart не се впари со телевизорот автоматски, насочете го кон сензорот за далечинскиот управувач на телевизорот, а потоа притиснете ги истовремено копчињата означени со и како што е прикажано на сликата лево и задржете 3 секунди или подолго.
Поставување батерии во Далечинска контрола на Samsung Smart
1.Притиснете го копчето во горниот заден дел на Далечинска контрола на Samsung Smart. Куќиштето ќе се одвои малку од капакот на куќиштето.
2.Превртете го далечинскиот управувач, а потоа лизгајте го куќиштето на далечинскиот управувач нагоре сè додека не се открие просторот за батерии.
3.Притиснете ги копчињата r и l и на двете страни во просторот за батерии за да ги отстраните постоечките батерии.
4.Вметнете две нови батерии (вид AAA од 1,5V) во просторот за батерии и внимавајте при усогласувањето на соодветните поларитети на батериите (+,
5.Превртете го далечинскиот управувач, притиснете и задржете врз копчето на горната задна страна, а
потоа вратете го куќиштето на далечинскиот управувач на своето место со лизгање.
•• Се препорачуваат алкални батерии за подолг работен век.
Македонски - 12