06Решавање на проблеми и одржување
Решавање на проблеми
Ако имате проблем со телевизорот, најпрво погледнете ја оваа листа на можни проблеми и решенија. Или, пак, разгледајте го делот за решавање проблеми во
•• Овој TFT LED екран се состои од подпиксели за чие создавање е потребна софистицирана технологија. На екранот, сепак, може да се појават неколку светли или темни пиксели. Овие пиксели нема да имаат никакво влијание врз перформансите на уредот.
•• За да го доведете вашиот телевизор во оптимална состојба, надградете го со најновиот софтвер. Искористете ја функцијата Ажурирај сега или Автоматско ажурирање во менито на телевизорот ( >
Поставување > Поддршка > Ажурирање на софтверот > Ажурирај сега или Автоматско ажурирање).
Телевизорот не може да се вклучи.
•• Проверете дали AC кабелот за напојување е добро приклучен во телевизорот и ѕидниот приклучок.
•• Проверете дали ѕидниот приклучок за напојување функционира и дали индикаторот за напојување на долната страна на телевизорот е вклучен и свети непрекинато во црвена боја.
•• Обидете се да го притиснете копчето за напојување на телевизорот за да проверите дали има проблем со далечинскиот управувач. Доколку телевизорот се вклучи, погледнете го делот “Далечинскиот управувач не функционира” подолу.
Нема слика/видео/звук или се репродуцира изобличена слика/видео/звук од надворешниот уред или, пак, на телевизорот се прикажува “Слаб или никаков сигн.” или не може да се пронајдат канали.
•• Проверете дали уредот е правилно поврзан и дали сите кабли се целосно вметнати.
•• Исклучете ги и повторно приклучете ги сите кабли кои се поврзани во телевизорот и надворешните
уреди. Ставете нови кабли, доколку е можно. |
|
•• Потврдете дека е избран соодветниот влезен извор ( | > Извор). |
•• Извршете тест за самодијагноза на телевизорот за да утврдите дали телевизорот или уредот го
предизвикува проблемот ( > Поставување > Поддршка > Самодијагноза > Започнете со тест на сликата или Започнете со тест на звукот).
•• Ако резултатите се нормални, рестартирајте ги поврзаните уреди со тоа што ќе ги исклучите и повторно ќе ги вклучите каблите за напојување на секој уред. Ако проблемот не се отстрани, погледнете го водичот за поврзување во прирачникот за користење на поврзаниот уред.
•• Ако не користите кабелски приемник или сателитски приемник, а вашиот телевизор прима телевизиски сигнали од антена или кабелски приклучок на ѕидот, тогаш активирајте ја функцијата
Автоматско пребарување канали за да пребарувате канали ( > Поставување > Емитување > (Поставки за Автоматско пребарување канали) > Автоматско пребарување канали).
––Функцијата Поставки за Автоматско пребарување канали може да не се појави во зависност од моделот или географската област.
––Ако користите кабелски приемник или сателитски приемник, ве молиме погледнете го прирачникот на кабелскиот приемник или сателитскиот приемник.
Македонски
Македонски - 15