безбедносни информации

ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ

ОПШТО

Внимателно прочитајте го целото упатство.

Пред вклучувањето, проверете дали напонот на вашата електрична мрежа е ист како оној назначен на плочката од долната страна на правосмукалката.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не користете ја правосмукалката кога тепихот или подот се мокри. Не користете го за вшмукување вода.

Бидете многу внимателни при користењето кој било апарат покрај или близу деца. Не дозволувајте правосмукалката да се користи како играчка.

Не дозволувајте правосмукалката да остане вклучена без надзор. Користете ја правосмукалката само за нејзината намена, како што е опишано во упатството.

Не користете ја правосмукалката без кантичката за прав. За најголема ефикасност, испразнете ја кантичката за прав пред целосно да се наполни.

Немојте да ја користите правосмукалката за собирање чкорчиња, топол пепел или опушоци. Чувајте ја правосмукалката далеку од шпорети и други извори на топлина. Топлината може да ги изобличи и обезбои пластичните делови на апаратот.

Одбегнувајте собирање тврди и остри предмети со правосмукалката, бидејќи тие може да ги оштетат деловите на апаратот. Не газете на склопот на цревото.

Не ставајте тежина врз цревото.

Немојте да го блокирате влезниот или излезниот отвор.

Исклучете ја правосмукалката на куќиштето на апаратот пред да го извадите приклучникот од штекерот.

Извадете го приклучникот од штекерот пред да ја празните кантичката за прав.

безбедносни информации _03