•ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не користете ја правосмукалката кога тепихот или подот се влажни.
•Бидете многу внимателни при користењето кој било апарат покрај или близу деца. Не дозволувајте правосмукалката да се користи како играчка. Не дозволувајте правосмукалката да остане вклучена без надзор. Користете ја правосмукалката само за нејзината намена, како што е опишано во упатството.
•Немојте да ја користите правосмукалката без кантичката за прав.•За најголема ефикасност, испразнете ја кантичката за прав пред целосно да се наполни.
•Немојте да ја користите правосмукалката за собирање чкорчиња, топол пепел или догорчиња од цигари. Чувајте ја правосмукалката далеку од шпорети и други извори на топлина. Топлината може да ги изобличи и обезбои пластичните делови на апаратот.
•Одбегнувајте собирање тврди и остри предмети со правосмукалката, бидејќи тие може да ги оштетат деловите на апаратот.
Не газете го составот со цревото. Не ставајте тежина врз цревото. Немојте да го блокирате влезниот или излезниот отвор.
•Исклучете ја правосмукалката на куќиштето на апаратот пред да го извадите приклучникот од штекерот. Извадете го приклучникот од штекерот пред да ја празните кантичката за прав. За да избегнете оштетувања, извадете го приклучникот држејќи го него, а не со влечење на кабелот.
•Уредот може да го користат деца постари од 8 години, како и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени лица, доколку бидат надгледувани или им се дадени упатства за користење на апаратот на безбеден начин и доколку ја разбираат опасноста која им се заканува. Децата не смеат да играат со уредот. Децата не смеат да го чистат уредот или да изведуваат корисничко одржување без надзор.
•Децата треба да се под надзор за да не си играат со апаратот.•Приклучникот мора да биде изваден од штекерот пред чистењето или одржувањето на апаратот.
•Не се препорачува користење на продолжен кабел.•Ако правосмукалката не работи правилно, исклучете го напојувањето и посоветувајте се со овластен сервисер.
•Ако кабелот за струја е оштетен, мора да биде заменет од страна на производителот, сервисерот или друго квалификувано лице со цел да се избегнат несакани ситуации.
•Немојте да ја носите правосмукалката држејќи го цревото. Користете ја рачката на куќиштето.
•Извадете го кабелот од штекер кога не ја користите правосмукалката. Исклучете ја пред да го извадите кабелот.
•Не користете го за вшмукување вода.•Не потопувајте го во вода за да го исчистите.•Цревото треба редовно да се проверува и не смее да се користи ако се оштети.•Kонтактирајте со производителот или сервисниот центар за да го замените.SC07H40@@V |
|
| |
|
| ||
|
|
|
|