одготовкаП

При употреба

Немојте да ја носите правосмукалката држејќи го цревото. Користете ја рачката на куќиштето за да ја кревате или носите правосмукалката.

Извадете го кабелот од штекер кога не ја користите правосмукалката. Исклучете го прекинувачот за напојување пред да го извадите кабелот.

Не ја употребувајте надвор, на влажен тепих или на влажни површини.

Овој производ не треба да се користи на отворен простор, бидејќи е дизајниран само за употреба во домаќинствата.

––Постои ризик од дефект или оштетување.

❇❇Чистење на отворен простор: Камен, цемент

❇❇Соба за билјард: Прав од креда

❇❇Асептична просторија во болница

Немојте да ја користите правосмукалката за вшмукување течности (како вода), сечила, игли или жар.

––Постои ризик од дефект или оштетување.

Внимавајте децата да не ја допираат правосмукалката додека ја користите.––Децата можат да се изгорат доколку надворешното куќиште е премногу загреано.

Не ставајте ништо врз надворешното куќиште и избегнувајте какви било физички удари врз него.

––Тоа може да резултира со повреда или оштетување.

Немојте да ја користите правосмукалката за собирање чкорчиња, топол пепел или отпушоци. Чувајте ја правосмукалката далеку од шпорети и други извори на топлина. Топлината може да ги изобличи и обезбои пластичните делови на апаратот.

Избегнувајте собирање тврди и остри предмети со правосмукалката, бидејќи тие можат да ги оштетат деловите на апаратот.

6Македонски