1.Внимателно прочитајте го целото упатство. Пред вклучувањето, проверете дали напонот на вашата електрична мрежа е ист како оној назначен на плочката од долната страна на правосмукалката.
2.ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Немојте да ја користите правосмукалката кога тепихот или подот се мокри.
Не користете ја за всмукување вода.
3.Немојте да ја користите правосмукалката без кантичката за прав.
За најголема ефикасност, испразнете ја кантичката за прав пред целосно да се наполни.
4.Поставете го копчето на позицијата Стоп (или Min(Мин)), пред да го вклучите апаратот во струја.
5.Немојте да ја користите правосмукалката за собирање чкорчиња, топол пепел или отпушоци.
Чувајте ја правосмукалката далеку од шпорети и други извори на топлина. Топлината може да ги изобличи и обезбои пластичните делови на апаратот.
6.Одбегнувајте собирање тврди и остри предмети со правосмукалката, бидејќи тие може да ги оштетат деловите на апаратот. Не газете го составот со цревото. Не ставајте тешки предмети врз цревото.
Немојте да го блокирате влезниот или излезниот отвор.безбедносни информации _03