безбедносни информации
ВаЖни безбеДносни мерКи
•Внимателно прочитајте го целото упатство.
Пред вклучувањето, проверете дали напонот на Вашата електрична мрежа е ист како оној назначен на плочката од долната страна на правосмукалката.
•ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Не користете ја правосмукалката кога тепихот или подот се мокри. Не користете ја за смукање вода.
•Бидете многу внимателни при користењето на кој било апарат покрај или близу деца. Не дозволувајте правосмукалката да се користи како играчка.
Не дозволувајте правосмукалката да остане вклучена, а без надзор.
Користете ја правосмукалката само за нејзината намена, како што е опишано во упатството.
•Не користете ја правосмукалката без вреќа за прав.
Сменете ја вреќата за прав пред целосно да се наполни за да обезбедите најголема ефикасност.
•Не користете ја правосмукалката за собирање чкорчиња, топол пепел или отпушоци.
Чувајте ја правосмукалката далеку од шпорети и други извори на топлина. Топлината може да ги изобличи и обезбои пластичните делови на апаратот.
•Одбегнувајте собирање тврди и остри предмети со правосмукалката, тие може да ги оштетат деловите на апаратот. Не газете го составот со цревото.
Не ставајте тежина врз цревото. Не блокирајте го влезниот или излезниот отвор.
•Исклучете ја правосмукалката од куќиштето на апаратот пред да го извадите приклучникот од штекерот. Извадете го приклучникот од штекерот пред да ја менувате вреќичката за прав. За да избегнете оштетувања, вадете го приклучникот фаќајќи го него, а не влечејќи го кабелот.
•Уредот не е наменет за употреба од страна на лица (вклучувајЌи деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени лица, освен доколку истите не се надгледуваат или не им се дадени инструкции од страна на лицето одговорно за нивната безбедност.
Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот.
•Приклучникот мора да биде изваден од штекерот пред да го чистите или одржувате апаратот.
•Не се препорачува користење на продолжен кабел.
•Ако правосмукалката не работи правилно, исклучете го напојувањето и посоветувајте се со овластен сервисер.
•Ако кабелот е оштетен, мора да се замени од страна на производителот, негов сервисер или слично квалификувано лице за да се избегнат опасности.
•Не носете ја правосмукалката држејќи го цревото. Користете ја рачката на куќиштето.
•Откачете ја правосмукалката од струја кога не се користи. Исклучете ја со прекинувачот пред да ја откачите.
безбедносни информации _03