Безбедносни информации

информации Безбедносни

(*): Волнена постелнина, навлаки за дожд, елеци за рибарење, панталони за скијање, вреќи за спиење, навлаки за пелени, костими за тренирање и навлаки за велосипеди и мопеди, автомобили итн.

Не перете дебели или тврди ќилими дури и ако имаат ознака за перење во машина на нивната етикета. Ова може да предизвика повреда или оштетување на машината за перење, ѕидовите, подот или облеката поради абнормални вибрации.

Немојте да перете мали килими или чергичиња за пред врата со гумена основа. Гумената основа може да се оддели и да се залепи во внатрешноста на барабанот, а тоа може да предизвика неправилно функционирање како грешка во одводот.

Не употребувајте ја машината за перење кога фиоката за детергент е отстранета.

Ова може да предизвика електричен удар или повреди поради истекување на водата.

Не допирајте ја внатрешноста на барабанот за време или веднаш по сушењето, бидејќи е жежок.

Ова може да предизвика изгореници.

Не ја ставајте раката во фиоката за детергент.

Ова може да предизвика повреда бидејќи уредот за внесување детергент може да ви ја потфати раката.

Преградата за течен детергент (само за одредени модели) не се користи за детергенти во прав. Извадете ја преградата ако користите детергент во прав.

Не ставајте никакви предмети (како на пр. чевли, отпадоци од храна, животни) освен алишта во машината за перење.

Ова може да предизвика оштетување на машината за перење или, пак, повреди и смрт во случајот со миленичињата поради абнормалните вибрации.

Не притискајте ги копчињата со остри предмети, како игли, ножеви, нокти, итн.

Ова може да предизвика електричен удар или повреда.

Не перете алишта коишто се извалкани со масла, креми или лосиони кои обично се наоѓаат во продавниците за нега на кожа или во салоните за масажа.

Ова може да придонсесе за деформирање на гумената изолациона лента и да предизвика истекување на вода.

Не оставајте метални предмети како безопасни игли, игли за коса или средство за белење во барабанот подолги временски периоди.

Ова може да предизвика ‘рѓа на барабанот.

Ако се појави ‘рѓа на површината на барабанот, нанесете (неутрално) средство за чистење на површината и потоа употребете сунѓер за чистење. Никогаш не користете метална четка. Никогаш не користете метална четка.

Не употребувајте детергент за суво чистење директно и не перете, плакнете или центрифугирајте алишта извалкани со детергент за суво чистење.

Ова може да предизвика спонтано согорување или палење поради топлината предизвикана од оксидација на маслото.

Не користете вода од уредите со водено ладење/греење.

12  Македонски

￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿

￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿