Услови за монтирање

Довод на електрична струја и заземјување

Потребен е AC 220-240 V / 50 Hz осигурувач или прекинувач на електрично коло

Користете одделна гранка од електрично коло наменета за машината за перење

За да се обезбеди правилно заземјување, машината за перење се испорачува со кабел за напојување со заземјен приклучок со три елементи, за вметување во правилно инсталиран и заземјен штекер.

Консултирајте се со квалификуван електричар или сервисер ако не сте сигурни во врска со заземјувањето.

Немојте да го модифицирате испорачаниот приклучок. Доколку не може да се вметне во штекерот, повикајте квалификуван електричар и поставете соодветен штекер.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

НЕ употребувајте продолжителен кабел.

Користете го само кабелот за напојување кој се испорачува со машината за перење.

НЕ поврзувајте ги жиците за заземјување на пластични водоводни цевки, цевки за гас или цевки за топла вода.

Неправилно поврзаните спроводници за заземјување може да предизвикаат електричен удар.

Довод на вода

Соодветен притисок на водата за оваа машина за перење е помеѓу 50 kPa и 800 kPa. Притисок на водата помал од 50 kPa може да биде причина вентилот за вода да не се затвора целосно. Или, пак, може да биде потребно повеќе време за полнење на барабанот, поради што машината за перење ќе се исклучи. Славините за вода не треба да бидат подалеку од 120 cm од задниот дел на машината за перење, за да може да се поврзат испорачаните црева за довод на вода со машината за перење.

За да го намалите ризикот од истекување на вода:

Проверете дали славините за вода се лесно достапни.

Затворете ги славините за вода кога машината за перење не се користи.

Редовно проверувајте дали протекува вода на спојните места на цревата за довод.

ВНИМАНИЕ

Проверете дали има протекување кај сите спојни места на вентилите за вода и славините пред првото користење на вашата машина за перење.

Цедење

Samsung препорачува висина на хидрантот од 60~90 cm. Цревото за одвод мора да биде поврзано преку штипката за црево со хидрантот, а хидрантот мора целосно да го покрива цревото за одвод.

Монтирање

Македонски  17

￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿

￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿