Пред да започнете
Почетни поставки
Извршете калибрација (се препорачува)
Опцијата Калибрација овозможува прецизно откривање на тежина кај машината за перење. Проверете дали барабанот е празен пред да извршите Калибрација.
1.Исклучете го напојувањето на машината за перење, а потоа повторно вклучете го напојувањето.
2.Задржете ги истовремено копчињата Temp. (Температура) и Delay End (Одложено завршување) во период од 3 секунди за да го активирате режимот Калибрација. Ќе се појави пораката “Cb”.
3.Притиснете Активирање/Пауза за да го активирате циклусот Калибрација.
4.Барабанот ќе ротира во насока и спротивно од насоката на часовникот околу 3 минути.
5.По завршување на циклусот, на екранот ќе се прикаже “0” и машината за перење автоматски ќе се исклучи.
6.Сега машината за перење алишта е подготвена за употреба.
Упатства за перење
ЧЕКОР 1 Подредување
Подредете ја облеката според овие критериуми:
•Ознака за грижа: Подредете ја облеката по памук, мешана ткаенина, синтетика, свила, волна и вештачка свила.
•Боја: Одделете ги белите алишта од алиштата во боја.
•Големина: Мешањето алишта со различни големини во барабанот ги подобрува перформансите за перење.
•Чувствителност: Перете ги деликатните алишта одделно, за чиста и нова волнена облека, завеси и свилена облека. Проверете ги ознаките на алиштата.
ЗАБЕЛЕШКА
Не заборавајте да ги проверите ознаките за грижа на алиштата и соодветно да ги подредите пред да започнете со перењето.
Македонски 25
започнете да Пред
|
| ||
|
| ||
|
|
|
|