Безбедносни информации

Безбедносни информации

Не ставајте никакви предмети (како на пр. чевли, отпадоци од храна, животни) освен алишта во машината за перење.

Ова може да предизвика оштетување на машината за перење или, пак, повреди и смрт во случајот со миленичињата поради абнормалните вибрации.

Не притискајте ги копчињата со остри предмети, како игли, ножеви, нокти, итн.

Ова може да предизвика електричен удар или повреда.

Не перете алишта коишто се извалкани со масла, креми или лосиони кои обично се наоѓаат во продавниците за нега на кожа или во салоните за масажа.

Ова може да придонсесе за деформирање на гумената изолациона лента и да предизвика истекување на вода.

Не оставајте метални предмети како безопасни игли, игли за коса или средство за белење во барабанот подолги временски периоди.

Ова може да предизвика ‘рѓа на барабанот.

Ако се појави ‘рѓа на површината на барабанот, нанесете (неутрално) средство за чистење на површината и потоа употребете сунѓер за чистење. Никогаш не користете метална четка. Никогаш не користете метална четка.

Не употребувајте детергент за суво чистење директно и не перете, плакнете или центрифугирајте алишта извалкани со детергент за суво чистење.

Ова може да предизвика спонтано согорување или палење поради топлината предизвикана од оксидација на маслото.

Не користете вода од уредите со водено ладење/греење.

Ова може да предизвика проблеми на машината за перење.

Не користете природен сапун за миење раце во машината за перење.

Доколку се стврдне и акумулира во самата машина за перење, може да предизвика проблеми на производот, избледување, ‘рѓа или лош мирис.

Ставете ги чорапите и градниците во мрежа за перење и исперете ги заедно со останатите алишта.

Немојте во мрежата да перете големи парчиња алишта, како на пример постелнина.

Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до повреда поради абнормални вибрации.

Не користете стврднат детергент.

Доколку се акумулира во самата машина за перење, може да предизвика истекување на вода.

Проверете дали џебовите од сите алишта за перење се празни.

Тврди, остри предмети како парички, игли, клинци, завртки или камчиња може сериозно да го оштетат уредот.

Немојте да перете облека со големи токи, копчиња или други тврди метални предмети.

12  Македонски

WW80M644OPW_DC68-03863Q-00_MK.indd 12

 

 

2017/12/14 8:55:37