ЧЕКОР 6 - Користете соодветен ви на детергент

Видот на детергентот зависи од видот на ткаенината (памук, синтетика, деликатни ткаенини, волна), бојата, температурата на перење и видот на валканоста. Погрижете се да користите детергент за перење алишта што е наменет за автоматски машини за перење.

ЗАБЕЛЕШКА

Следете ги препораките на производителот на детергенти за тежината на алиштата за перење, степенот на валканоста и тврдоста на водата во вашето локално место. Ако немате информации за тврдоста на водата, обратете се во локалното претпријатие за водоснабдување.

Немојте да употребувате детергент што може да се стврдне или згусне. Ваквиот детергент може да се задржи по циклусот на плакнење, блокирајќи го излезот на одводот.

Ако се појават премногу меурчиња за време на циклусот, ќе се појави порака ‘Sud’ (Пена).

ВНИМАНИЕ

Кога перете волнени работи користејќи го циклусот WOOL (ВОЛНА) , користете детергент наменет за волнени работи. Ако се користи со циклусот WOOL (ВОЛНА) , детергентот во прав може да остане на алиштата и да ги обезбои.

Капсули за перење

Следете ги овие упатства за да добиете најдобри резултати од употребата на капсулите за перење.

1. Ставете ја капсулата на дното на празен барабан кон задниот дел.

започнете да Пред

2.Ставете ги алиштата во барабанот врз капсулата.

Македонски  29

WW80M644OPW_DC68-03863Q-00_MK.indd 29

 

 

2017/12/14 8:55:41