05Извршување на почетното поставување
Кога за прв пат ќе го вклучите вашиот телевизор, тој веднаш ќе го активира почетното поставување. Почетното поставување ви овозможува да ги конфигурирате основните поставки според кои ќе функционира телевизорот, како што се прием на емитувања, пребарување канали и мрежна врска.
•• Пред да започнете со почетното поставување, прво треба да поврзете надворешни уреди.
•• За да ги користите паметните функции на телевизорот, телевизорот мора да биде поврзан на интернет.
•• Кога телевизорот комуницира со мобилните уреди, на телевизорот може привремено да се појави шум.
•• Апликацијата SmartThings е достапна за мобилни уреди со Android 6.0 или понова верзија, како и за уреди со iOS10 или понова верзија.
•• За да извршите иницијализација преку апликацијата SmartThings, мобилниот уред мора да биде поврзан на
•• Ако прозорецот за поставување не се појави автоматски во апликацијата SmartThings на мобилниот уред, тогаш постапката ќе ја продолжите откако рачно ќе го додадете телевизорот во функцијата Додај уред на контролната табла на апликацијата SmartThings.
Почетното поставување може да го активирате и преку менито на телевизорот ( > Поставување > Општо > Започнете со
поставувањето).
Следете ги инструкциите што се прикажуваат на екранот за почетно поставување и конфигурирајте ги основните поставки на телевизорот според опкружувањето во кое го користите.
Користење на Контролен управувач на телевизорот
Користете го Контролен управувач, што се наоѓа на долната страна на телевизорот, наместо далечинскиот управувач за да ги контролирате повеќето функции на телевизорот. Кога гледате телевизија, со притиснување на копчињата за насочување нагоре и надолу на Контролен управувач може да менувате канали, а со притиснување на копчињата за насочување лево и десно може да ја прилагодувате јачината на звукот. Притиснете го копчето на Контролен управувач за да го прикажете менито за контрола. За да активирате некој елемент од менито, искористете ги копчињата за насочување на Контролен управувач за да го поместите означувањето врз тој елемент, а потоа притиснете го копчето на Контролен управувач.
•• Екранот може да се затемни доколку не ја отстраните заштитната фолија на логото SAMSUNG или на долната страна на телевизорот. Ве молиме отстранете ја заштитната фолија.
Мени за контрола |
|
: Smart Hub | : Извор |
: Поставување : Исклучи : Врати
Контролен управувач / Сензор за далечинскиот управувач
•• Притиснете го копчето : Овозможува прикажување на Мени за контрола. / Избирање или активирање на означениот елемент во менито.
•• Притиснете и задржете го копчето : Активната функција се исклучува
•• Копче за нагоре/надолу: Менување на канали.
•• Копче за лево/десно: Овозможува менување на јачината на звукот. Контролен управувач се наоѓа на долната страна на телевизорот.
Македонски - 14