Активирање/деактивирање
Ако сакате да ја активирате или дезактивирате функцијата Sound OFF(Исклучен звук), притиснете го копчето за исклучување на звукот. Кога оваа функција е активирана, индикаторот “Sound Off(Исклучен звук) ” и сијалицата на копчето за исклучување на звукот светат.
Delay end (одложено завршување)
Можете да ја поставите машината за перење автоматски да го заврши перењето подоцна, со избор на време на одложување од 3 до 19 часа (со чекор од 1 час). Прикажаните часови го означуваат времето на завршување на перењето.
1.Рачно или автоматски поставете ја машината според типот на алиштата кои треба да се перат.
2.Секвенцијално притиснувајте го копчето Delay End (одложено завршување)( ) додека не го поставите саканото време за одложено завршување.
3.Притиснете го копчето Start/Pause (активирање/пауза)( ).
Индикаторот “Delay End (одложено завршување) ” ќе засвети и часовникот ќе започне со одбројување сè додека не го достигне поставеното време.
4.За да ја исклучите функцијата Delay End (одложено завршување), притиснете го копчето Power (напојување)( ) и потоа повторно вклучете ја машината за перење.
Перење на алишта со користење на избирачот за циклус
Перењето со вашата нова машина е многу едноставно со употребата на Samsung “Fuzzy Control” системот за автоматска контрола. Кога ќе изберете програма за перење, машината ќе ја постави соодветната температура, времето и брзината на перењето.
1.Отворете ја славината за вода на лавабото.
2.Притиснете го копчето Power (напојување)( ) .
3.Отворете ја вратата.
4.Наполнете ја машината со алишта, без да ја преполните.
5.Затворете ја вратата.
6.Додадете детергент, омекнувач и детергент за предперење (по потреба) во соодветните прегради.
7.Користете го Избирачот за циклус за избор на соодветниот циклус во зависност од типот на материјалот: Cotton (памук)( ), Synthetics (синтетика)( ), Denim (тексас)(), Sports Wear (спортска облека)( ), Wool (волна)(), Handwash (рачно перење)(), Baby Care (грижа за бебиња)(), Daily Wash (вообичаено перење)(),
Quick 29’ (брзо 29’)(). На контролната плоча ќе засветат соодветните индикатори.
8.Во овој момент, со притиснување на копчето за соодветната опција, ќе може да ги контролирате температурата на перењето, бројот на плакнењата, брзината на центрифугата и времето на одложено завршување.
9.Притиснете го копчето Start/Pause (активирање/пауза)( ) и перењето ќе започне. Индикаторот за процесот ќе засвети и на екранот ќе се прикаже преостанатото време на циклусот.
Опција за пауза
Пред истекување на 5 минути по започнувањето на перењето, можно е да додадете/ извадите облека.
1.Притиснете го копчето Start/Pause (активирање/пауза)( ) за отклучување на вратата.
Вратата не може да се отвори кога водата е премногу ЖЕШКА или кога нивото на водата е премногу ВИСОКО.
2.По затворањето на вратата, притиснете го копчето
Start/Pause (активирање/пауза)( ) за повторно започнување на перењето.
Кога циклусот е завршен:
Кога целиот циклус ќе заврши, машината автоматски ќе се исклучи.
1.Отворете ја вратата.
2.Извадете ги алиштата.
перење на алишта _25
02 ПЕРЕЊЕ НА АЛИШТА