безбедносни информации
Ви честитаме на Вашата нова машина Samsung ActivFresh™. Ова упатство содржи важни информации за инсталирањето, користењето и грижата за Вашиот уред. Ве молиме внимателно да го прочитате ова упатство за ги исползувате сите придобивки и можности на вашата машина за садови.
ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА УПАТСТВАТА ЗА БЕЗБЕДНО РАБОТЕЊЕ
Прочитајте го ова упатство внимателно за да бидете сигурни дека знаете безбедно и ефикасно да управувате со многуте опции и функции на Вашиот нов уред и чувајте го на сигурно место, во негова близина, за идни потреби. Користете го уредот само за предвидената намена, како што е опишано во упатството работа.
Предупредувањата и Важните упатства за безбедно работење од ова упатство не ги покриваат сите можни услови и ситуации до коишто може да дојде. Ваша одговорност е да користите здрав разум, и да бидете внимателни и грижливи кога ја инсталирате, одржувате и користите вашата машина за садови. Бидејќи следниве упатства за работа се однесуваат на повеќе модели, карактеристиките на Вашата машина може малку да се разликуваат од оние опишани во ова упатство, а некои знаци за предупредување да не се однесуваат на неа. Ако имате прашања или грижи, обратете се во најблискиот сервисен центар или побарајте помош и информации на Интернет, на www.samsung.com.
ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ СИМБОЛИ И МЕРКИ
Што значат иконите и знаците во ова упатство:
| Ризично или опасно ракување кое може да предизвика | |
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ | сериозни повреди или смрт. | |
|
| |
| Ризично или опасно ракување кое може да предизвика помали | |
ВНИМАНИЕ | повреди или оштетување на околината. | |
|
| |
| За да го намалите ризикот од пожар, експлозија, електричен | |
ВНИМАНИЕ | удар и други повреди при употребата на машината, | |
придржувајте се кон следните мерки на претпазливост: | ||
| ||
|
|
НЕ обидувајте се.
НЕ расклопувајте.
НЕ допирајте.
Експлицитно следете ги упатствата.
Извадете го приклучокот за напојување од ѕидниот штекер.
Проверете дали машината е заземјена заради избегнување на електричен удар.
Повикајте го сервисниот центар за помош.
Известување
Целта на овие предупредувачки знаци е да спречат повреда кај вас и кај другите лица.
Ве молиме следете ги експлицитно.
Откако ќе го прочитате овој дел, чувајте го на безбедно место за користење во иднина.