кај производот, промени на бојата, ‘рѓосување или смрдеа.
Немојте во мрежата да перете големи парчиња алишта, како на пример постелнина.
-Ставајте ги чорапите и градниците во мрежата за перење и перете ги заедно со другите алишта.
-Доколку не постапите така, може да дојде до повреда, предизвикана од ненормалните вибрации.
Не користете стврднат детергент.
-Ако се наталожи во внатрешноста на машината, тоа би можело да предизвика протекување на водата.
Кај машините за перење со отвори за вентилација во основата, погрижете се отворите да не бидат затворени со килим или други пречки.
Испразнете ги џебовите на облеката што ќе се пере.
-Тврди, остри предмети, како парички, безопасни, шајки, шрафови или камења, може да предизвикаат големо оштетување на машината.
Не перете облека со големи токи, копчиња или друг тежок метал.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ СЕРИОЗНИ ЗНАЦИ ЗА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПРИ ЧИСТЕЊЕТО
Не чистете го уредот со директно прскање вода врз него.
Не употребувајте бензол, разредувач или алкохол за чистење на уредот.
-Тоа може да предизвика промена а бојата, деформација, оштетување, струен удар или пожар.
Извлечете го штекерот од приклучокот, пред да почнете со чистење или одржување.
-Доколку не постапите така, се изложувате на струен удар или пожар.