Користење на Samsung Smart Control
Samsung Smart Control овозможува поедноставно и попрактично користење на телевизорот. Со притиснување на копчето KEYPAD се прикажува виртуелен далечински управувач кој овозможува лесно внесување на цифри, контролирање на содржини и активирање на функции на екранот.
За да го контролирате телевизорот со Samsung Smart Control, треба да го впарите Samsung Smart Control со телевизорот преку Bluetooth. Впарете го Samsung Smart Control со телевизорот.
Насочете го Samsung Smart Control кон сензорот за далечинскиот управувач на телевизорот и притиснете го копчето TV за да го вклучите телевизорот.
Ако Samsung Smart Control престане да функционира или започне да работи неправилно, заменете ги батериите бидејќи сето тоа може да биде предизвикано поради недоволна енергија во батеријата.
Ако проблемот не се отстрани, обновете го впарувањето на Samsung Smart Control со телевизорот.
1.Притиснете ги копчињата RETURN и GUIDE истовремено и задржете повеќе од 3 секунди.
2.На екранот ќе се појави слика за поврзување. А потоа, Samsung Smart Control автоматски ќе се поврзе со телевизорот.
Кога ќе ја видите оваа икона за предупредување на екранот...Иконата за предупредување подолу означува дека батериите на Samsung Smart Control се слаби. Ако се појави икона за предупредување, заменете ги батериите. Samsung препорачува користење на алкални батерии за подолг работен век.
<Икона за предупредување за слаба батерија>Македонски - 14