1. Manuals
  2. Brands
  3. Laundry Appliance
  4. Washer
  5. Samsung
  6. Laundry Appliance
  7. Washer

Samsung WW70J5355MW WW70J5355MW/AD, WW80J5355MW/AD Внимавајте при користењето, Безбедносни информации

1 118 119 120 121 122 123 124 125 126 127 128 129 130 131 132 133 134 135 136 137 138 139 140 141 142 143 144 145 146 147 148 149 150 151 152 153 154 155 156 157 158 159 380
Download on canonical page 380 pages, 0 b

Безбедносни информации

информации Безбедносни

Внимавајте при користењето

ВНИМАНИЕ

Кога машината за перење ќе се контаминира со надворешна супстанца како што е детергент, нечистотии, отпадоци од храна итн., извлечете го кабелот за напојување и исчистете ја машината за перење користејќи влажна, мека крпа.

Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до избледување, деформирање, оштетување или 'рѓа.

Предното стакло може да се скрши од силен удар. Бидете внимателни додека ја користите машината за перење.

Ако стаклото е скршено, може да предизвика повреди.

По прекинување на доводот за вода или при повторно поврзување на цревото за довод на вода, полека отворете ја славината за вода.

Отворете ја славината за вода полека доколку машината не сте ја користеле подолг период.

Притисокот на воздухот во цревото за довод на вода или во цевката за вода може да оштети некој дел на производот или да предизвика истекување на вода.

Ако настане грешка во одводот при функционирањето, проверете дали има проблем со одводот.

Ако ја користите машината за перење кога е преплавена како последица на проблем со одводот, тоа може да предизвика електричен удар или пожар.

Целосно ставете ги алиштата во машината за перење за да не се потфатат на вратата.

Доколку алиштата се потфатат на вратата, тоа може да предизвика оштетување на алиштата или машината за перење или, пак, да предизвика истекување на водата.

Исклучете го доводот на вода кога не ја користите машината за перење.

Осигурајте се дека завртките на приклучокот на цревото за довод на вода се добро затегнати.

Проверете дали гумената изолациона лента и стаклото на предната врата не се контаминирани со надворешна супстанца (на пр. отпад, навој, влакна итн.).

Доколку некоја надворешна супстанца се заглави помеѓу вратата или вратата не се затвори целосно, може да дојде до истекување на вода.

Отворете ја славината за вода и проверете дали приклучокот на цревото за довод на вода е цврсто затегнат и дали има истекување на вода пред да почнете да го користите производот.

Доколку завртките на приклучокот на цревото за довод на вода се лабави, може да предизвикаат истекување на вода.

Производот кој го купивте е наменет само за домашна употреба.

Користењето на производот за деловни потреби се смета за несоодветна употреба на производот. Во тој случај, стандардната гаранција која ја обезбедува компанијата Samsung нема да го покрие производот и компанијата Samsung нема да преземе одговорност за дефекти или оштетувања кои ќе настанат поради несоодветната употреба.

10 Македонски

Untitled-15 10

 

 

2017-06-27 ￿￿ 2:45:03

 

 

 

 

 

 

MENU

Models

Contents