Пред да започнете

Почетни поставки

Извршете калибрација (се препорачува)

Опцијата Калибрација овозможува прецизно откривање на тежина кај машината за перење. Проверете дали барабанот е празен пред да извршите Калибрација.

1.Исклучете го напојувањето на машината за перење, а потоа повторно вклучете го напојувањето.

2.Задржете ги истовремено копчињата Temp. (Температура) и Delay End (Одложено завршување) во период од 3 секунди за да го активирате режимот Калибрација. Ќе се појави пораката “Cb”.

3.Притиснете Активирање/Пауза за да го активирате циклусот Калибрација.

4.Барабанот ќе ротира во насока и спротивно од насоката на часовникот околу 3 минути.

5.По завршување на циклусот, на екранот ќе се прикаже “0” и машината за перење автоматски ќе се исклучи.

6.Сега машината за перење алишта е подготвена за употреба.

Упатства за перење

ЧЕКОР 1 Подредување

Подредете ја облеката според овие критериуми:

Ознака за грижа: Подредете ја облеката по памук, мешана ткаенина, синтетика, свила, волна и вештачка свила.

Боја: Одделете ги белите алишта од алиштата во боја.

Големина: Мешањето алишта со различни големини во барабанот ги подобрува перформансите за перење.

Чувствителност: Перете ги деликатните алишта одделно, за чиста и нова волнена облека, завеси и свилена облека. Проверете ги ознаките на алиштата.

ЗАБЕЛЕШКА

Не заборавајте да ги проверите ознаките за грижа на алиштата и соодветно да ги подредите пред да започнете со перењето.

Македонски 25 

започнете да Пред

Untitled-15 25

 

 

2017-06-27 ￿￿ 2:45:08