Поставување на под

За најдобро функционирање, машината за перење мора да се инсталира на цврст под. Кај дрвените подови може да биде потребно зајакнување за да се минимизираат вибрациите и/или небалансираното работење. Килимите и меките површини не нудат голема отпорност на вибрации и може да предизвикаат одредено поместување на машината за перење за време на центрифугата.

ВНИМАНИЕ

НЕ инсталирајте ја машината за перење на платформа или структура со слаба потпора.

Температура на водата

Не инсталирајте ја машината за перење во области во кои е можно замрзнување на водата, бидејќи во машината за перење секогаш се задржува мало количество на вода во вентилите, пумпите и/или цревата. Водата која ќе замрзне во спојните делови може да предизвика оштетување на ремените, пумпата и другите компоненти на машината за перење.

Инсталација со вградување

Минимален слободен простор за стабилно функционирање:

Странично

25 mm

Горна страна

25 mm

Задна страна

50 mm

Предна страна

550 mm

Доколку машината за перење и машината за сушење се инсталираат на иста локација, предниот дел од отворот мора да има непречен отвор за воздух од најмалку 550 mm. Само за машината за перење не е потребен посебен отвор за воздух.

Македонски 17 

Инсталација

Untitled-15 17

 

 

2017-06-27 ￿￿ 2:45:05