Пред да започнете

започнете да Пред

ЧЕКОР 2 Испразнете ги џебовите

Испразнете ги сите џебови на облеката

Металните предмети како монети, игли и токи на облеката можат да ги оштетат другите алишта, а исто така и барабанот.

Превртете ги наопаку алиштата со копчиња и вез

Ако патентите на панталоните и јакните се отворени при перењето, може да дојде до оштетување на барабанот. Патентите треба да се затворат и да се обложат со лента.

Алиштата со долги ленти може да се заплеткаат со другите алишта. Не заборавајте да ги врзете лентите пред да започнете со перењето.

ЧЕКОР 3 Користете мрежа за алишта

Градниците (што можат да се перат во машина) мора да се стават во мрежата за алишта. Металните делови на градниците може да го пробијат материјалот и да ја оштетат другата облека.

Мали и лесни алишта како чорапи, ракавици, хулахопки и шамивчиња може да се заглават околу вратата. Ставете ги во мала мрежа за перење.

Немојте да ја перете само мрежата за перење без други алишта. Ова може да предизвика абнормални вибрации кои можат да ја поместат машината за перење и да предизвикаат повреди.

ЧЕКОР 4 Предперење (доколку е потребно)

Изберете ја опцијата Предперење за избраниот циклус доколку алиштата се многу валкани. Кога ќе ја изберете опцијата Предперење, во преградата за главно перење треба да ставите детергент во прав.

ЧЕКОР 5 Одредете го капацитетот на полнење

Немојте да ја преполнувате машината за перење. Преполнувањето може да предизвика неправилно перење кај машината за перење. За да го дознаете капацитетот на полнење за одреден вид облека, погледнете на страница 35.

ЗАБЕЛЕШКА

При перење на постелнина или прекривки за постелнина, времето за перење може да се продолжи или ефикасноста на центрифугирање може да се намали. За постелнина или прекривки за постелнина, препорачаната максимална брзина на циклусот за центрифуга е 800 вртежи/минута, а капацитет на полнење изнесува 2,0 kg или помалку.

ВНИМАНИЕ

Ако алиштата не се рамномерно распоредени и се прикажува информативниот код “Ub”, прераспределете ги алиштата. Нерамномерно распоредените алишта може да ги намалат перформансите на центрифугата.

26 Македонски

Untitled-15 26

 

 

2017-06-27 ￿￿ 2:45:08