Smart Check

За да ја овозможите оваа функција, прво мора да ја преземете апликацијата Samsung Smart Washer од Play Store или App Store, а потоа да ја инсталирате на мобилен уред со камера.

Функцијата Smart Check е оптимизирана за серијата Galaxy и iPhone (само за моделите кај кои е применливо).

1.Кога машината за перење ќе открие проблем што треба да го проверите, на екранот ќе се прикаже информативен код. За да го активирате режимот Smart Check , истовремено притиснете и задржете ги копчињата Spin (Центрифуга) и Options (Опции) во траење од 3 секунди.

2.Машината за перење ќе ја активира постапката за самодијагноза и ќе прикаже информативен код доколку пронајде некаков проблем.

3.Вклучете ја апликацијата Samsung Smart Washer на вашиот мобилен уред и допрете Smart Check.

4.Ставете го мобилниот уред блиску до екранот на машината за перење на начин на кој камерата на паметниот телефон ќе биде свртена кон машината за перење. Потоа, апликацијата автоматски ќе го препознае информативниот код.

5.Откако апликацијата успешно ќе го препознае информативниот код, таа ќе ви обезбеди детални информации во врска со проблемот и можните решенија.

ЗАБЕЛЕШКА

Името на функцијата, Smart Check, може да биде различно во зависност од јазикот.

Ако врз екранот на машината за перење се рефлектира силна светлина, апликацијата може да не го препознае информативниот код.

Ако апликацијата не успее да го препознае Smart Check кодот повеќе пати, внесете го информативниот код рачно на екранот на апликацијата.

Одржување

Македонски 41 

Untitled-15 41

 

 

2017-06-27 ￿￿ 2:45:15