Одржување

Чистете ја редовно машината за перење за да спречите намалување на перформансите и да го зголемите нејзиниот работен век.

Одржување

Еколошко чистење на барабанот

Активирајте го овој циклус редовно за чистење на барабанот и за отстранување на бактериите.

1.Притиснете го копчето Напојување за да ја вклучите машината за перење.

2.Завртете го Избирач на циклус за да го изберете циклусот ECO DRUM CLEAN (ЕКОЛОШКО ЧИСТЕЊЕ НА БАРАБАНОТ) .

3.Притиснете Активирање/Пауза.

ЗАБЕЛЕШКА

Температурата на водата за функцијата ECO DRUM CLEAN (ЕКОЛОШКО ЧИСТЕЊЕ НА БАРАБАНОТ) е поставена на 70 °C и таа вредност не може да се промени.

Препорачливо е да го активирате циклусот ECO DRUM CLEAN (ЕКОЛОШКО ЧИСТЕЊЕ НА БАРАБАНОТ) по секои 40 перења.

ВНИМАНИЕ

Не користете никакви средства за чистење при чистењето на барабанот. Остатоците од хемиските средства во барабанот ги намалуваат перформансите за перење.

Потсетник за ЕКОЛОШКО ЧИСТЕЊЕ НА БАРАБАНОТ

Потсетникот за ECO DRUM CLEAN (ЕКОЛОШКО ЧИСТЕЊЕ НА БАРАБАНОТ) се појавува на главниот екран по секои 40 перења. Ви препорачуваме често да го користите циклусот ECO DRUM CLEAN (ЕКОЛОШКО ЧИСТЕЊЕ НА БАРАБАНОТ) .

Кога прв пат ќе го видите овој потсетник, истиот може да го игнорирате во следните 6 последователни перења. Почнувајќи од 7то перење, потсетникот ќе престане да се појавува. Меѓутоа, тој повторно ќе се појави по 40 перења.

40Македонски

Untitled-15 40

 

 

2017-06-27 ￿￿ 2:45:15