Немојте да се качувате на уредот или да поставувате предмети врз него (како алишта, запалени свеќи, запалени цигари, садови, хемикалии, метални предмети итн.).

Ова може да предизвика електричен удар, пожар, проблеми со производот или повреди.

Немојте да прскате испарливи материјали како инсектициди на површината од уредот.

Освен што е штетно за луѓето, ова може да предизвика и електричен удар, пожар или проблеми со производот.

Не ставајте предмети кои генерираат електромагнетни полиња во близина на машината за перење.

Ова може да предизвика повреди поради неправилно функционирање.

Водата која се испушта при циклус на перење или сушење на висока температура е жешка. Не ја допирајте водата.

Ова може да предизвика изгореници или повреда.

Не перете, центрифугирајте или сушете водоотпорни навлаки, килими или облека (*), освен ако вашиот уред има специјален циклус за перење на овие предмети.

(*): Волнена постелнина, навлаки за дожд, елеци за рибарење, панталони за скијање, вреќи за спиење, навлаки за пелени, костими за тренирање и навлаки за велосипеди и мопеди, автомобили итн.

Не перете дебели или тврди ќилими дури и ако имаат ознака за перење во машина на нивната етикета. Ова може да предизвика повреда или оштетување на машината за перење, ѕидовите, подот или облеката поради абнормални вибрации.

Немојте да перете мали килими или чергичиња за пред врата со гумена основа. Гумената основа може да се оддели и да се залепи во внатрешноста на барабанот, а тоа може да предизвика неправилно функционирање како грешка во одводот.

Не употребувајте ја машината за перење кога фиоката за детергент е отстранета.

Ова може да предизвика електричен удар или повреди поради истекување на водата.

Не допирајте ја внатрешноста на барабанот за време или веднаш по сушењето, бидејќи е жежок.

Ова може да предизвика изгореници.

Не ја ставајте раката во фиоката за детергент.

Ова може да предизвика повреда бидејќи уредот за внесување детергент може да ви ја потфати раката.

Чашката за течен детергент (само за моделите кај кои е применливо) не треба да се користи за детергент во прав. Извадете ја чашката кога користите детергент во прав.

Не ставајте никакви предмети (како на пр. чевли, отпадоци од храна, животни) освен алишта во машината за перење.

Ова може да предизвика оштетување на машината за перење или, пак, повреди и смрт во случајот со миленичињата поради абнормалните вибрации.

Не притиснувајте ги копчињата со остри предмети како игли, ножеви, нокти итн.

Ова може да предизвика електричен удар или повреда.

Не перете облека која е контаминирана со масло, креми или лосиони кои најчесто се користат во продавниците за нега на тело или салоните за масажа.

информации Безбедносни

Македонски 11 

Untitled-15 11

 

 

2017-06-27 ￿￿ 2:45:03