Одржување

Одржување

Филтер на пумпата

Препорачливо е филтерот на пумпата да се чисти 5 или 6 пати годишно за да не се затне. Затнатиот филтер на пумпата може да го намали ефектот на меурчињата.

1. Исклучете ја машината за перење и извадете го кабелот за напојување.

2. Исцедете ја преостанатата вода во барабанот. Погледнете го делот “Одвод при вонредни ситуации”.

3. Внимателно притиснете врз горната површина на капакот на филтерот за да го отворите.

4. Завртете го копчето на филтерот на пумпата во лева насока и испуштете ја преостанатата вода.

5. Исчистете го филтерот на пумпата со мека четка. Проверете дали перката на одводната пумпа во филтерот е блокирана.

6. Вратете го филтерот на пумпата и завртете го копчето на филтерот во десна насока.

ЗАБЕЛЕШКА

Ако филтерот на пумпата е затнат, на екранот ќе се појави информативниот код “5C”.

ВНИМАНИЕ

• Проверете дали копчето на филтерот е правилно затворено откако ќе го исчистите филтерот. Во спротивно, може да дојде до истекување на вода.

• Проверете дали филтерот е правилно поставен откако ќе го исчистите. Во спротивно, може да настане дефект при функционирањето или истекување на вода.

44 Македонски

Untitled-15 44

 

 

2017-06-27 ￿￿ 2:45:16