Безбедносни информации

информации Безбедносни

Ова може да придонесе за деформирање на гумената изолациона лента и да предизвика истекување на вода.

Не оставајте метални предмети како безопасни игли, игли за коса или средство за белење во барабанот подолги временски периоди.

Ова може да предизвика 'рѓа на барабанот.

Ако се појави 'рѓа на површината на барабанот, нанесете (неутрално) средство за чистење на површината и потоа употребете сунѓер за чистење. Никогаш не користете метална четка.

Не користете директно детергент за хемиско чистење и не перете, плакнете или центрифугирајте облека контаминирана со детергент за хемиско чистење.

Ова може да предизвика спонтано согорување или палење поради топлината предизвикана од оксидација на маслото.

Не користете вода од уредите со водено ладење/греење.

Ова може да предизвика проблеми на машината за перење.

Не користете природен сапун за миење раце во машината за перење.

Доколку се стврдне и акумулира во самата машина за перење, може да предизвика проблеми на производот, избледување, 'рѓа или лош мирис.

Ставете ги чорапите и градниците во мрежа за перење и исперете ги заедно со останатите алишта. Не перете голем тип на алишта како постелнина во мрежата за перење.

Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до повреда поради абнормални вибрации.

Не користете стврднат детергент.

Доколку се акумулира во самата машина за перење, може да предизвика истекување на вода.

Проверете дали џебовите од сите алишта за перење се празни.

Тврди, остри предмети како парички, игли, клинци, завртки или камчиња може сериозно да го оштетат уредот. Немојте да перете облека со големи токи, копчиња или други тврди метални предмети.

Распределете ги алиштата по боја според нивната издржливост на избледување и изберете го препорачаниот циклус, температурата на водата и дополнителните функции.

Ова може да предизвика избледување или оштетување на ткаенината.

Внимавајте да не им ги притиснете прстите на децата со вратата кога ќе ја затворате.

Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до повреди.

12 Македонски

Untitled-15 12

 

 

2017-06-27 ￿￿ 2:45:03