Водата која истекува од машината за перење може да предизвика изгореници или да го направи подот лизгав. Ова може да предизвика повреди.

Насилното отворање на вратата може да предизвика оштетување на производот или повреди.

Не ја ставајте раката под машината за перење додека уредот се користи.

Ова може да предизвика повреди.

Не допирајте го приклучокот за напојување со мокри раце.

Ова може да предизвика електричен удар.

Не исклучувајте го уредот преку вадење на приклучокот за напојување додека уредот се користи.

Повторното вметнување на приклучокот за напојување во ѕидниот штекер може да создаде искра и да предизвика електричен удар или пожар.

Не дозволувајте им на децата или изнемоштените лица да ја користат машината за перење без соодветно надгледување. Не дозволувајте им на децата да се качуваат во внатрешноста или врз уредот.

Ова може да предизвика електричен удар, изгореници или повреда.

Не ставајте раце или метални предмети под машината за перење додека работи.

Ова може да предизвика повреди.

Немојте да го исклучувате уредот од напојување со влечење на кабелот за напојување. Секогаш цврсто држете го приклучокот и влечете го директно од штекерот.

Оштетувањето на кабелот за напојување може да предизвика краток спој, пожар и/или електричен удар.

Не обидувајте се сами да го поправате, расклопувате или да вршите модификации на уредот.

Не употребувајте осигурувачи (како на пр. бакарни, од челична жица итн.) кои се поинакви од стандардниот осигурувач.

Кога уредот треба да се поправи или одново да се инсталира, обратете се до најблискиот сервисен центар.

Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар, пожар, проблеми со производот или повреди.

Доколку цревото за довод на вода се олабави од славината и го преплави уредот, исклучете го кабелот за напојување.

Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.

Извадете го приклучокот за напојување кога уредот не се користи подолг период или за време на бура со грмотевици.

Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.

Доколку во уредот навлезат надворешни супстанци, извадете го приклучокот за напојување и обратете се во најблискиот центар за кориснички услуги на Samsung.

Ова може да предизвика електричен удар или пожар.

Не дозволувајте деца (или куќни миленичиња) да си играат во / на машината. Машината за перење не може да се отвори лесно одвнатре и децата можат сериозно да се повредат доколку се заглават во внатрешноста.

информации Безбедносни

Македонски 9 

Untitled-15 9

 

 

2017-06-27 ￿￿ 2:45:03