![](/images/backgrounds/349215/349215-0144x1.png)
Перење алишта
Перење алишта со рачно нагодување
Алиштата можете да ги исперете и без употреба на системот „Fuzzy Logic“. Направете го следното:
1.Отворете го доводот на вода.2.Притиснете го копчето![](/images/backgrounds/349215/349215-0144xi3.png)
4.Ставајте едно по едно парче од алиштата водејќи сметка да не го преполните барабанот.
5.Затворете ја вратата.
6.Во соодветните прегради ставете детергент и доколку е потребно омекнувач и средство за претперење.
7.За да ја изберете температурата на водата, притискајте го копчето за избор на температура (ладна вода, 30 °С, 40 °С, 60 °С, 95 °С).
8.За да ги изберете бројот на плакнења, притискајте го копчето за избор на плакнењето. Максималниот број на плакнења е пет. Согласно со тоа, траењето на процесот ќе биде продолжено.
9.За да ја изберете брзината на центрифугирање, притискајте го копчето за избор на центрифугата.
Забелешка: Програмата за задржано плакнење овозможува од машината да извадете неисцедени алишта.
![](/images/backgrounds/349215/349215-0144xi4.png)
![](/images/backgrounds/349215/349215-0144xi5.png)
10.Притискајте го копчето за избор на одложено перење додека не ја изберете саканата опција (од 3 часа до 24 часа со зголемување од по еден час). Прикажаните часови го означуваат времето кога завршува програмата за перење.
11.Притиснете го копчето Старт/Пауза и машината почнува со перењето.Користење на опцијата за одложено перење
Можете машината да ја нагодите така што автоматски да заврши со програмата за перење по 3 до 24 часа (времето се зголемува за по еден час). Прикажаните часови го означуваат времето кога завршува програмата за перење.
Направете го следното:1.Рачно или автоматски изберете ја соодветната програма за перење.2.Притискајте го копчето за избор на одложено перење додека не го нагодите соодветното време.
3.Притиснете го копчето Старт/Пауза. Ќе засветли светлосниот индикатор што означува одложено перење, а часовникот ќе почне да одбројува додека не дојде до поставеното време кога перењето завршува.
4.За да го поништите изборот на одложено перење, притиснете го копчето (Вклучено/ Исклучено), а потоа повторно вклучете ја машината.
10 SAMSUNG Упатство за употреба на машината за перење алишта