Перење алишта

Совети за перење алишта

Сортирање на алиштата: Алиштата сортирајте ги водејќи сметка за следното:

Симболот на етикетата што укажува на видот на ткаенината и начинот на одржување: Сортирајте ги алиштата на памучни, ткаенини со мешани влакна, синтетички, свилени, волнени и ткаенини од вештачка свила.

Бојата: Одвоите ги белите алишта од шарените. Новите, шарени алишта перете ги одвоено.

Величината: Процесот на перење ќе биде поефикасен доколку помешате алишта со различна величина.

Осетливоста: Осетливите ткаенини, како што се новата облека од чиста волна, завесите и свилата, перете ги одвоено со помош на програмата „Delicateѕ“ (осетливи ткаенини). Прегледајте ја етикетата на алиштата што ги перите или погледајте го прилогот на ова упатство кој содржи табела со начинот на одржување на различни ткаенини.

Празнење на џебовите: Металните пари, иглите и сличните предмети можат да ги оштетат алиштата, барабанот на машината за перење алишта и резервоарот за вода.

Затворање на патентите: Затворете ги патентите и запетлајте ги петлиците; заврзете ги ремените и украсните ленти.

Претперење на памучни алишта: Во комбинација со модерните детергенти, Вашата нова машина совршено ќе ги испере алиштата, притоа штедејќи електрична енергија, време, вода и детергент. Меѓутоа, доколку памучните алишта се многу извалкани, вклучете го претперењето со користење на детергент на база на протеини.

Одредување на количината на полнењето: Не ја преполнувајте машината затоа што во спротивно алиштата можеби нема добро да се исперат. За да ја одредите количината на полнење предвидена за видот на алишта што сакате да ги исперете, користете ја долната табела.

Вид на ткаенина

 

Количина на полнење

 

 

 

 

 

Шарени алишта/памук

B1445A(V/S)/B1245A(V/

R1245A(V/S)/

F1245A(V/S)/

S)/B1045A(V/S)

R1045A(V/S)

F1045A(V/S)

-средно/малку извалкани

6,0 кг

5,2 кг

4,5 кг

 

 

 

 

-многу извалкани

6,0 кг

5,2 кг

4,5 кг

 

 

 

 

Синтетика

3,0 кг

3,0 кг

3,0 кг

 

 

 

 

Осетливи ткаенини

2,5 кг

2,0 кг

2,0 кг

 

 

 

 

Волна

2,0 кг

1,5 кг

1,5 кг

 

 

 

 

Совети за избор на детергентот: Детергентот треба да се избере зависно од видот на ткаенината (памук, синтетика, осетливи материјали, волна), бојата, температурата на водата при перење, степенот на извалканост и начинот на кој алиштата се извалкани. Секогаш користете средства за перење алишта што не создаваат многу пена, а кои се предвидени за машинско перење.

Следете ги упатствата на производителот за употребата на детергенти во зависност од количината на алиштата, степенот на извалканост и тврдоста на водата во Вашето подрачје. Доколку не знате колкава е тврдоста на водата, распрашајте се кај градскиот водовод.

Забелешка: Детергентите и адитивите чувајте ги на безбедно, суво место недостапно за деца.

SAMSUNG Упатство за употреба на машината за перење алишта 11