Правилно депонирање на овој производ

(Отпадна електрична и електронска опрема)

(Применливо во држави со посебни системи за справување со отпадот)

Ознаката на производот, опремата или литературата означува дека производот и неговите електронски додатоци (на пример, полнач, слушалки, USB-кабел) не треба да бидат отстранети со останатиот отпад од домаќинството.

За избегнување на можни штети врз околината или човечкото здравје предизвикани со неконтролирано фрлање отпад, Ве молиме да ги одвоите овие предмети од другите видови отпад и одговорно да ги рециклирате заради унапредување на еколошки оправдано повторно користење на материјалните ресурси.

Физичките лица можат да се обратат или во продавницата каде што го купиле овој производ или во службите на локалната самоуправа, за детали каде и како да извршат рециклирање на производот на начин безбеден за околината.

Деловните корисници можат да се обратат до својот снабдувач и да ги проверат одредбите и условите во договорот за набавка. Овој производ и неговиот електронски прибор не треба да се мешаат со друг комерцијален отпад.

Правилно отстранување на батериите на овој производ

(Применливо во држави со посебни системи за справување со отпадот)

Оваа ознака на батеријата, во упатството или на пакувањето означува дека батериите од овој производ не треба да се отстранат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот од нивниот работен век. Местата

каде што се означени, хемиските симболи Hg, Cd или Pb означуваат дека батеријата содржи жива, кадмиум или олово над препорачаното ниво во Директивата 2006/66/EC. Ако батериите не се отстранат правилно, овие супстанции можат да предизвикаат штета врз човековото здравје или животната средина.

Македонски